Куманово подобар од Фени, Работнички убедлив против АВ Охрид


Три победи на домаќините во редовното 12 коло од Првата лига,единствениот гостински успех го запиша Кожув на гостувањето кај Вардар.Во супер неизвесно дерби одиграно во салата Перо Наков во Куманово во рамките на 12 коло од Првата лига, домашниот тим го доби водечкиот Фени Индустри со 64-60, (17-13, 15-21, 15-15, 17-11) .
Поради проблеми со паркетот во големата сала, Куманово како домаќин натпреварот го одигра во салата на економското училиште Перо Наков.

По израмнетите три четвртини, последните 10 минути го одлучуваа прашањето на победникот. Избраниците на Србиноски во решавачкиот период одиграа подобро од противникот и на крајот заслужено стигнаа до посакуваниот успех.Американанецот Браун и репрезентативецот Јаневски со по 15 односно 13 поени го водеа Куманово до осмата победа во Првата Лига. Во редовите на Фени единствен со двоцифрен број на поени 12 беше бекот Стајиќ.

Интересно во 12 коло беше и на дербито од долниот дел на табелата меѓу Струмица и Пелистер.

Струмичани го совладаа Пелистер со 66-64. Гостите од Битола и покрај одличната игра на крајот не успеаја да ги освојат бодовите во израмнетиот  меч. На 16 секунди пред крајот при водство на Пелистер од 64-63, тројка за победа постигна Јокиќ.Во последните 16 секунди Фил и Голубовиќ не успеаја да го однесат мечот во продолжение.

Во Градскиот парк Работнички без искусната тројка Илиевски, Мираковски и Тасовски беше убедлив против дебитантот во елитата АВ Охрид и славеше со 97-61.Со млади сили и искусноте Чековски, Павловски и Мишановиќ центарци го декласираа гостинот од Охрид и се вратија на делба на првата позиција во елитното друштво со идентичен скор како Фени од 10-2.

Младиот бек на Работнички  Ефремовски со 24 поени беше најефикасниот кошаркар на мечот , негови одлични соработници беа ценртите Мишановиќ и Маслинко со по 19 поени.

На ториот дуел во Скопје во салата под Кале, кошаркарите на Кожув немаа проблеми против домашниот Вардар и славеа со73-86 . Со фуриозна игра во првите десет минути (9-26)гостите од Гевгелија го најавија конечниот епилог на мечот.Иако Вардар во вториот дел  одигра многу подобро, сепак тоа беше недоволно за резулатски пресврт, Кожув извојува победа со 73-86(9-26,17-21, 26-24, 21-15. Вардар немаше одговор за триото Хал , Мијовиќ, Ѓурасовиќ кои заедно комплетираа (21п, 18п,16п )дури 55 поени. Кај Вардар Адекуунле постигна 26 , а Робев мечот го заврши со 17 поени.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder