Тимот на Карпош Соколи е новиот освојувач на титулата во најмасовното натпреварување Лимак Купот на Македонија 2017. Кошаркарите од скопската населба Карпош во големото финале одиграно во салата Јасмин во Кавадарци со 80-69 (21-20, 21-17, 13-15, 25-17) го совладаа одличниот состав на Фени Индустри и заслужено стигнаа до првата титула во клупската историја, на јубилејот 20 години од постоењето на клубот.
Дебитантот во елитното друштво Вардар ја прекина доминацијата на Бадел 1862 во македонската женска кошарка. Кошаркарките на Вардар денес во Кавадарци отворија нова страница во својата кратка историја, по неполна година постоење го освоија првиот трофеј,стигнаа до пехарот во Лимак Купот на Македонија.

ЛИМАК КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017 МАЖИ

ФИНАЛЕ

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Карпош С.

Фени Индустри

19.02.17

19.00

МРТ

80:69

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017-МАЖИ

1/2 ФИНАЛЕ

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Работнички

Карпош С.

18.02.17

18.00

МРТ

78:92

 Фени И.

МЗТ Скопје А.

18.02.17

20:30

МРТ

80:79

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017 -МАЖИ

1/4 ФИНАЛЕ

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Карпош Соколи

Вардар

17.02.17

13.00

Stream

92-84

Фени Индустри

АВ Охрид

17.02.17

15:30

Stream

112:69

Работнички

Куманово

17.02.17

18:00

МРТ

87:81

МЗТ Скопје А.

Кожув

17.02.17

20:30

МРТ

83-72


Втора година по ред кошаркарите на Карпош Соколи обезбедуваат пласман во финалето на националниот Куп. Вечерва во првото полуфинале во Јасмин во Кавадарци екипата на Карпош Соколи го победи Работнички со 92-78.

Фени Индустри е противникот на Карпош Соколи во финлето на Лимак Купот на Македонија. Полуфиналниот трилер во Јасмин меѓу Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром го решија Чешковиќ и Шарабидзе за триумф над домаќините од 80-79.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија МЗТ Скопје Аердором е противникот на Фени Индустри во второто полуфинале на најмасовното натпреварување. Металците вечерва во последното четврфинале во Салата Јасмин во Кавадарци славеа победа над солидниот Кожув од 83-72.
Трофејниот Работнички со победа над Куманово од 87-81 закажа полуфинале против фаворитот Карпош Соколи во Лимак Купот на Македонија .

Женска екипа на Вардар е вториот финалист во Лимак кошаркарскиот Куп на Македонија. Во полуфиналето вардарки славеа победа надПелистер АД со 67-46. Првите десети минути од полуфиналето минаа во изедначена и рамноправена игра, Вардар ја доби четвртината со минимални 15-13.
Лесна и убедлива победа на Фени Индустри над АВ Охрид од 112 - 69 во вториот четвртфинален натпревар од Лимак Купот на Македонија.

Карпош Соколи не дозволи сензационален старт на четвртфиналето од Лимак купот на Македонија. Финалистот од минатата сезона во првиот меч на завршниот турнир од Купот на Македонија во Кавадарци потешко од очекувањата го совлада младиот и борбен состав на Вардар со 92-84.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017 -МАЖИ

1/8 - ФИНАЛЕ

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Гостивар 2015

Вардар

08.02.17

19:00

69:74

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2017 -МАЖИ

1/8 ФИНАЛЕ

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Гостивар 2015

Струмица

01.02.17

18.00

80:75

Вардар

Пелистер

01.02.17

17:00

108:54



Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017.
Во петок 10.02.2017 година со почеток во 12 часот во просториите на Македонската кошаркарска федерација ќе се одржи ждрепката за четврт-финалните двојки во Лимак Купот на Македонија 2017.
Од петок до недела(17 до 19 .02. 2017) салата Јасмин во Кавадарци ќе биде спортскиот центар на Македонија. Осумте учесници на завршниот турнир од кошаркаркиот Лимак Куп на Македонија ја започнуваат битката за престижниот пехар. Капитенте и тренерите од сите осум екипи денеска на прес конференција во Сквер 21 во Скопје ги кажаа своите очекувања пред четврт-финалните мечеви од Купот.

Билетите за претстојните натпревари од завршниот турнир на „Лимак Купот на Македонија“ ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16. февруари) точно на пладне., по симболични цени 50 денари за натпреварите во петок и сабота и 100 денари за финалните мечеви кои се играат во недела , женкиот дуел од 16 часот и машкото финале од 19 часот.

 

Архива:
- Куп на Македонија 2016
- Куп на Македонија 2015
- Куп на Македонија 2014
- Куп на Македонија 2013
- Куп на Македонија 2012
- Куп на Македонија 2011


ДОКУМЕНТИ:

                                                                   
Општ правилник за Куп                                     Прирачник за организација
натпреварување на МКФ                                        на Финалниот турнир на
                                                                                 Купот на Македонија


Технички одредби за куп и турнирски
систем на натпреварување при МКФ




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder