Во Прага извлечени и составите на групите за Младинските Европски првеНСтва во 2017

Пред главната ждрепка за составите на групите во претквалификациите за Светскиот шампионат во Кина во 2019 година во Прага беа извлечени и составите на групите за Младинските Европски првенства во машка и женска конкуренција. Дел од оваа ждрепка беше и претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски. Првиот човек на МКФ Наумоски ги извлекуваше имињата на репрезентациите за Европското првество за кошаркари до 20 години.

На Европскиот шампионат дивизија Б во Скопје  за кошаркарки до 16 години кој ќе се игра  од 17.08.2017 до 26.08.2017 година Македонската селекција ќе игра во групата Б против селекциите на Словенија, Ирска, Украина и Молдавија.

Нивните врсници Македонската машка репрезентација до 16 година на ЕП дивизија Б во Софија(10.08. до 19.08.2017) ќе биде дел од Групата Д заедно со националните тимови на Косово, Грузија, Велика Британија, Луксембург  и Португалија.

На ЕП за кошаркари до 18 години во Даблин - Ирска(4.08 до 13.08.2017), македонските јуниорки ждрепката одлучи да бидат дел од Групата Д , во која ќе играат и Велика Британија, Словачка, Ирска , Молдавија и Украина.

На Европскиот шампионат Дивизија Б во Орадеа Романија кој ќе сеигра од 15 до 23 Јули во 2017 година претседателот на МКФ Петар Наумоски ја ждребуваше селекцијата на Македонија во Групата Ц во која ќе учествуваат и тимовите на Грузија, БиХ, Албанија и Романија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder