|  Соопштенија
мкф Соопштение  



Македонската кошаркарска федерација сака да ја информира јавноста дека во понеделник 14.11.2016 година во доцните попладневни часови доби информација од Здружението на клубови од Првата лига дека мнозинството на клубови се согласи со последниот предлог на раководството на федерација и прифаќаат Првата лига во машка конкуренција во сезоната 2016/2017 да стартува на 19.11. 2016 година.
МКФ сака да им изрази благодарност на сите клубови од Првата лига што со една ваква одлука ќе помогнат кошарката веќе да не е заложник на некои други интереси, туку да се врати на позициите кои ги има во нашиот спорт.

Се надеваме и сметаме дека  доцнењето на стартот на Првата лига од триесеттина дена нема да претставува проблем за клубовите ниту  во календарот на натпреварување.

Раководството на МКФ воедно им посакуваме на сите клубови од нашето најсилно првенство  успешна натпреварувачка 2016/2017 сезона.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder