|  Соопштенија
Благодарност до селекцијата на Македонија У 15 за одличната презентација на нашата кошарка на меѓународната сцена 

 

Канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација изразува јавна благодарност до сите членови на селекцијата на Македонија до 15 години за одличната презентација на нашата кошарка на меѓународната сцена и секако за збогатувањето на витрините со уште еден трофеј од Меѓународните натпреварувања.

Нашите млади надежи во конкуренција на  неколку евролигашки екипи Милано, Химки, Баерн Минхен, Варезе,  го освоија одличното  трето место на силниот Меѓународен турнир во Милано, Италија, со  извонреден скор од три победи и само еден пораз.

На патот кон бронзениот медал и трофејот за освоеното трето место  беа совладани и еворпските гиганти Химки и Баерн Минхен.

МКФ  е посебна горда на односот со кои младите кошаркари настапија во дресот со националниот грб и покажаа како се бранат боите на  Македонија.

Искрени честитки и голема благодарност заслужува и нашиот млад репрезентативец Лука Наумовски кој на турнирот во Милано  го понесе  МВП признанието за најкорисен кошаркар.

МКФ  уште еднаш им честите на сите членови на националниот тим до 15 години за посветеноста, желбата  и постигнатиот  резулати на турнирот во Милано. 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder