|  Одлуки на УО

Соопштение за седницата на Управниот одбор на МКФ




Во недела на 27.09. 2015 година во хотелот Ривиера во Охрид се одржа седница на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација.

Целосно усогласување со стандардите на ФИБА, почнувајќи од лиценцирањето на тренерскиот кадар, системите на натпреварување во младински категории, до систематизацијата и стандардизација на спортските објекти беа одлуките на Управниот одбор на  Македонската Кошаркарска Федерација на петчасовната седница,  одржана во недела, 27.09.2015 година.

Основниот проблем во македонската кошарка е лоциран во непроизводството на обучени кошаркари, што резултира со постојано намалување на бројот на активни кошаркари во сениорска конкуренција. Тоа е резултат на отсуството на национална стратегија и правилна работа, пред се во младинските категории, во кои се поставени погрешни критериуми за евалуација на успехот и најчесто работат необучени тренери.

Целото соопштение за Седницата на Управниот одбор прочитајте го на линкот.

 







  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder