|  А-Тим Мажи
Сениорите на пријателски средби во Литванија, Шпанија и Латвија



Македонската сениорска кошаркарска репрезетација влегува во последната фаза од подготовките за настап на Евробаскетот во 2015. 

Нашиот национален тим во следните две недели ќе одигра шест исклучително силни пријателски натпревари.

 Серијата контролни средби избраниците на Марјан Србиновски ја започнуваат на турнир во Каунас, каде на 18 и 19 август  не очекуваат средби против најдобрите репрезентации на домаќинот Литванија и Турција , кои исто како и црвено жолтите се подготвуваат за учество на Евробаскетот.


По турнирот во Каунас македонската кошаркарска експедиција патува за Мадрид каде на 22 и 25 август ни престојат пријателски мечеви против еден од најголемите фаворити за висок пласман на ЕП , силната Шпанија.

Последните два пријателски натпревари нашиот национален тим ќе ги одигра н 28 и 29 август на гости против Латвија.

На шесте пријателски средби 15 наши  репрезетативци ќе се борат за место меѓу 12 најдобри кои ќе играат на Евробаскетот во 2015.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder