|  Соопштенија
Одработени првите тренинзи во рамките на проектот „Заедно до У-16“



Викендов во Скопје, Струмица и Битола се одржаа првите тренинзи на примарната селекција на кошаркари родени во 2002 година во рамките на проектот на Македонската кошаркарска федерација „Заедно до У-16“. Поделени според регионален принцип (Исток, Запад, Скопје 1 и Скопје2)  65 кошаркари родени во 2002 година ги одработија првите тренинзи во рамките на протоколот за соработка со Турската кошаркарска федерација „Заедно до У-16“.



Стручниот совет на МКФ, во рамките на Протоколот за соработка со Турската федерација и проектот „Заедно до У-16“, отпочнува со Примарната селекција на кошаркарите родени во 2002 година.



МКФ ќе продолжи со организирани тренинзи на овие млади кошаркари,регионалните селекции ќе имаа и  три еднодневни собири во Скопје, на 12, 14, и 16.01.2016 со претпладневни тренинзи и попладневни натпревари на Меѓурегионалниот Турнир.



Инаку изборот на кошаркари го направи Стручната комисија за Младинска кошарка при МКФ по повеќемесечно следење на натпреварите во категоријата за кошаркари родени во 2002 година.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder