|  Соопштенија
Извршниот директор на ФИБА Камил Новак задоволен од организацијата на ЕП за кошаркари до 18 години во Скопје 
 


Денес гостин на Македонската кошаркарска федерација е извршниот директор на ФИБА Европа Камил Новак. За време на краткиот престој во Скопје високиот гостин оствари работен ручек  со првиот човек на МКФ Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска.

Покрај тоа извршниот директор на ФИБА Европа ги посети и салите Борис Трајковски, СЦ Јане Сандански  во кои се играат натпреварите од Европското првенство за кошаркар до 18 години дивизија Б и искажа задоволство од виденото и од организацијата на шампионатот кој се игра во нашиот главен град од 27 јули до 7 август со учество на 24 селекции.

Директорот на ФИБА е посебно задоволен од спортските објекти во Скопје , и истакна дека нашата земја со вакви спортски објекти може да биде домаќин и на и сениорско првенство.

-Има повеќе причини зошто сум тука, сакав да дојдам и минатата година  но, за жал од технички причини морав да го откажам гостувањето. Сега главна причина за моето доаѓање е организацијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години.Знаеме дека не е лесно да се организира едно вакво првенство. Секое лето има вакви настани исеко мое доаѓање тука значи поддршка за Македонската кошаркарска федерација. Очигледо дека претседателот Наумоски и генералниот секретар Гаврилоска завршила добра работа околу организацијата на шампионатот. Многу сум изненаден од квалитетот на салите ,навистина изгледаат одлично . Апсолутно сум сигурен дека Македонија може да биде коорганизатор на Евробаскет во машка или женска конкуренција во сениорска конкуренција. Имаме процедура за организација наскоро на женското Европско првенство 2019, мислам и за Евробаскетот во 2021 , имате шанси во двете конкуренции, изјави Камил Новак.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder