|  Соопштенија
Котлеба: Наумоски и Гаврилоска, вистински луѓе на вистинско место!


Во изминатите два дена гостин на Македонската кошаркарска федерација беше советникот на генералниот секретар на ФИБА, Лубомир Котлеба.
За време на краткиот престој високиот гостин ги посети арената Борис Трајковски, СЦ. Јане Сандански во кои МКФ сака да ги организира натпреварите од претквалификациите за Светскиот шампионат во Кина во 2019 година. Потоа во  Македонскиот олимписки комитет се сретна со генералниот секретар Сашо Попоски.

Во просториите на Федерацијата високиот гостин од ФИБА  имаше и кратка средба со првиот човек на македонската кошарка Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска.

Лубомир Котлеба задоволен од престојот во Македонија пред заминувањето од Скопје, кратко за сајтот на МКФ порача дека посетата на Македонија била одлично организирана од страна на МКФ и дека на чело на нашата федерација се вистински луѓе.

Дали сте задоволни од вашиот престој во Македонија и дали нашите спортски сали ги исполнуваат високите стандарди на ФИБА?

- Престојот во Македонија беше многу информативен и убаво организиран од страна на федерацијата. Вашите сали се по стандардите на ФИБА, одговори Лубомир Котлеба. 

Имавте краток состанок  со претседателот на МКФ, Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска?

- Состанокот беше краток но мина во одлична атмосфера. Бев импресиониран од нивната чиста визија и посветеност кон подобрување на македонската кошарка. Наумоски и Гаврилоска  можам да истакнам дека се Вистински луѓе на вистинско место, истакна Котлеба.

 

 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder