|  А-Тим Мажи
Минимален пораз на црвено жолтите на контролката во Самоков
 

Македонската сениорска репрезентација во максимално израмнет натпревар како гостин во Самоков загуби од селекцијата на Бугарија со 61-59(16-10, 10-19, 14-17, 21-13) во првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за настап во евроквалификациите.
Во натпревар со  цврста одбрана на двете  репрезентации избраниците на селекторот Драган Раца потклекнаа во самиот финиш и му дозволија на домаќинот да забележи минимален триумф.

Резултатската неизвесност на пријателската во Самоков беше присутна од почетокот до крајот на средбата .
Нашите најдобри кошаркари и покрај поразот одиграа многу добар натпревар , ако се земе во предвид дека досега на подготовките се работеше  на подобрување на физичката подготовка.

Одлично деби во црвено жолтиот дрес имаше новиот натурализиран Македонец, Ромео Тревис  кој со 14 поени беше најшиот најефикасен поединец, Тревис оствари и 9 скока.

 

Двоцифрен број на поени во  македонскиот национален тим имаше и капитенот Војдан Стојановски 11.

Шанса за реваш црвено жолтите ќе имаат веќе утре , на вториот пријателски натпревар против истиот ривал  во Самоков.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder