|  Репрезентации  |  М-20 Жени

Репрезентација до 20 години - жени

Нашите младинки ги загубија шансите за пласман во А-дивизијата
(13.07.2013)  Женската репрезентација на Македонија до 20 години денеска го одигра претпоследниот натпревар на Европското првенство во Бугарија, а по поразот од Летонија од 71-48 и теоретски ги загуби шансите за пласман на некое од првите три места кои водат во А-дивизијата.
Третата четвртина клучна за конечниот исход
Иако добро го почнаа натпреварот, избраничките на Александар Домлевски тешко успеваа да се справат со силниот противник под кошевите и се успеаја да стигнат до четврта победа на Првенството. Добивајќи ја третата четвртина со 22-7, Чешка победи со 65-49.
Последни три дена од континенталниот собир
(12.07.2013)  Одличниот досегашен настап на нашиот состав, пропратен со трите победи во првите пет натпревари, го промовираат денешниот натпревар помеѓу Македонија и Чешка како клучен во борбата за некое од првите три места кои водат во А Дивизијата. Натпреварот на Европското во Бугарија почнува од 15.00 часот.
Нов одличен настап на нашите девојки за трета победа на ЕП
(10.07.2013)  Со извонредна игра во завршницата и со пресврт во последната четвртина, Женската репрезентација на Македонија до 20 години го совлада домаќинот Бугарија со што го оствари третиот триумф во својот петти натпревар, за враќање во горниот дел од табелата.
Продолжуваат натпреварите на ЕП во Албена
(10.07.2013)  Македонската женска репрезентација до 20 години, денеска од 17.15 часот ќе го одигра својот петти натпревар од Европското првенство. Со половичен учинок од две победи и два порази, избраничките на Александар Домлевски ќе имаат тешка задача да се спротистават на домаќинот на Првенството, селекцијата на Бугарија.
Првиот фаворит на Првенството славеше против нашата репрезентација со 55-53
(08.07.2013)  И покрај тоа што беа подобри во речиси целиот тек на мечот, избраничките на Александар Домлевски на крајот загубија од Португалија со 55-53 во тесната завршница на ЕП во Албена. Серијата од 13-0 на Португалките на почетокот на четвртата четвртина беше кучна за конечниот исход.
Втора победа за младинките на ЕП во Албена
(06.07.2013)  Брзо се опоравија нашите репрезентативки по вчерашниот пораз од Израел и со убедлив настап против репрезентацијата на Романија, ја забележаа втората победа во третиот натпревар на континенталниот собир. Со високата победа од 72-54, Македонија се враќа при врвот на табелата.
Репрезентацијата до 20 години го доживеа првиот пораз
(05.07.2013)  По одличната игра и триумфот над Британија на отворањето, Женската репрезентација до 20 години загуби од селекцијата на Израел во вториот меч со 66-48. И покрај добрата прва четвртина, Израел беше тимот кој одигра многу подобро во продолжението од мечот и заслужено славеше на крајот.
Изјави на Домлевски, Пејковска и Митрашиновиќ
Репрезентацијата на Македонија до 20 години добро го стартуваше Европското првенство со победа против фаворизираната Велика Британија од 60-57. Со задоволство од прикажаното и постигнатиот резултат, од нашиот состав веруваат во повторување на квалитетната игра и вечерва против Израел и на сите наредни натпревари.
Тројка на Ивона Пејковска за победа на Македонија
Одличен прв натпревар одиграа избраниците на Александар Домлевски на Европското првенство во Бугарија, а по многуте пресврти и промени на водството, Ивона Пејковска беше џокерот во нашиот тим. Со 9 поени за 9 минути, меѓу кои и тројката во последната секунда од мечот, Пејковска донесе триумф на Македонија над Велика Британија од 60-57.
Пред стартот на ЕП до 20 години (ж)
(04.07.2013)  Женската репрезентација на Македонија до 20 години денеска со натпреварот против Велика Британија ќе го започне настапот на Европското до 20 години во Албена. Свесни за квалитетите на противниците, нашите репрезентативки веруваат во добар настап.
Почнува ЕП до 20 години жени
(04.07.2013)  Денеска со почеток од 19.30 часот по македонско време, Македонската женска репрезентација до 20 години со натпревар против Велика Британија го стартува Европското првенство (Б дивизија) кое се одржува во бугарскиот град Албена до 14 јули.
Во четврток почнуваат натпреварите во Албена
(01.07.2013)  Завршија подготовките за нашата женска репрезентација до 20 години, која вечерва точно на полноќ заминува за Албена, Бугарија и каде од четврток ќе го почне настапот на Европското првенство (Б дивизија). Една група и осум натпревари ги очекуваат избраничките на Александар Домлевски, кои ќе се играат во густ ритам, низ вкупно 11 дена.
Младинките продолжуваат со подготовките во Скопје
(18.06.2013)  По поразот од 55-44 во првиот натпревар игран синоќа, утринава избраничките на Александар Домлевски доживеаја пораз и на втората пријателска средба во Софија против домаќинот Бугарија.
Подготвителни натпревари за ЕП
(18.06.2013)  Избраничките на Александар Домлевски синоќа го одиграа првиот пријателски натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство кое летово ќе се игра во Албена.
Први подготвителни натпревари на младинките пред настапот на ЕП
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Александар Домлевски, со 12 кошаркарки отпатува за Софија, каде денеска и утре (понеделник и вторник) ќе одигра две пријателски средби со домашниот национален тим.

Досегашни учества на М-20 Жени


Досегашни настапи




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder