седум младински селекции на Македонија пријавени за настап на Европските првенства во 2017 година

Продолжува заложбата на раководството на Македонската кошаркарска федерација и Управниот одбор за континуиран настап на нашите млади селекции на Европските првенства, се со цел за што подобар напредок и усовршување на нашите млади кошаркари и кошаркарки во натпреварите против квалитетните противници. 
МКФ поради тоа и годинава одлучи пет млади селекции на Македонија да учествуваат на Европските шампионати во 2017  година, арепрезентациите до 14 години во машка и женска конкуренција да настапат на турнирот во Словенија. 

Машката селекција до 20 години е пријавена за Европското Првнство  дизвизија Б  кое ќе се игра следната година од 15-23 јули 2017.

Нашата јуниорска селекција за кошаркари до 18 години(У-18) ќе биде дел од ЕП дивизија Б од 29 јули до 6 август.

Нивите врснички, женската селекција(У-18)  на Македонија до 18 години ќе игра на ЕП Дивизија Б од 5 до 13 август во 2017.

На континеталните шампионати ќе учествуваат и македонските национални тимови за кошаркари и кошаркарки до 16 години.

Кадетите (У-16) на ЕП Дивизија Б од 11 до 19 август 2017 .

Кадетките (У-16) на ЕП Дивизија Б од 18 до 26 август во 2017 година.

На меѓународната сцена ќе настапат и македонските репрезентации во машка и женска конкуренција до 14 години.

Нашуте најмлади селекции и во 2017 ќе бидат дел од силниот Меѓународен турнир во Словенија под покровителство на ФИБА:

 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder