|  Соопштенија

Голема наградна игра за публиката во салата Јасмин во Кавадарци


Македонската кошаркарска федерација организира голема наградна игра за сите што имаат влезници за натпреварите во салата Јасмин во Кавадарци на нашата најдобра селекција во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година против Унгарија на 7 септември и против Велика Британија седум дена подоцна.
Публиката во салата Јасмин во Кавадарци ќе учествува во спектакуларната наградна игра на МКФ нa полувремето од средбите, по која најпрезицните двајца гледачи(еден од средбата против Унгарија и еден од мечот со Велика Британија) ќе добијат по две авиокарти од компанијата „Туркиш ерленс“ за Турција, два таблета од АМЦ компјутери  и по 200 евра за „шопинг“.

Во наградната игра ќе учествуваат четирите насреќни гледачи во Јасмин кои пред натпреварот ќе успеат да ги фатат четирите топчиња фрлени од теренот. Четирите среќници потоа ќе  имаат по два обида да постигнат кош од половина терен. Оној што прв ќе постигне кош од половина терен ќе биде добитникот на големата награда, две авио карти за Турција, таблет  и 200 евра.


 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder