|  Куп натпреварувања 2015/16
карпош соколи до историското прво финале во купот на македонија 
 


Кошаркарите на Карпош Соколи се првите финалисти на 24 издание од Купот на Македонија. Вечерва во салата 26 април во Гевгелија во првото полуфинале од националниот куп Карпош Соколи извојува голема победа над Куманово од 71-69 вредна прво финале во Купот на Македнија во клупската историја.Со одлична игра во одбрана над ударните „игли“ на Куманово , Костоски, Ракочевиќ  и Симоновски  „соколите“ заслужено стигнаа до триумф .

Маестралната игра во одбрана и серијата од 12 -0 во третата четвртина на кошаркарите на Карпош беше клучна за конечниот епилог на средбата . Во третата делница најдобриот напад во лигата беше сведен на само 8 постигнати поени , Карпош ја доби третата четвртина со 19-8 со што го трасираше патот до победа.

Куманово во последните 10 минути ја поправи играта во нападот од минута во минута го намалуваше водството на противникот но сепак немаше сили за комплетен резултатски пресвртт иако со  двете тројки на Трајковски стигна до негатива од само еден поен , но на 4 секунди пред крајот Петровиќ  со кош од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат во полуфиналето од 71-69 .



Кнежевиќ и Снер со по 15 постигнати кошеви беа најефикасните поединци во победничката екипа, кај Куманово Трајковски постигна 23 , а Костовски беше задржан на „само“ 12 поени.

Карпош Соколи во големото финале кое се игра во недела на 21 .02.2016 година во Гевгелија од 19 -30 часот го очекува победникот од полуфиналето МЗТ Скопје А - Кожув.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder