|  Соопштенија
Конкурс за ангажирање на стручни лица за работа во спортската академија 



Македонската кошаркарска федерација распишува конкурс за ангажирање на стручни лица за работа во спортските паралелки (кошарка) Спортската академија во Кавадарци и Охрид.
Покрај потребните документи, секој од кандидатите треба да достави и програма за работа и план за натпреварување за соодветната селекција за која се пријавува како стручно лице.

Предност при избор за тренер имаат кандидатите кои познаваат најмалку еден светски јазик, што се утврдува преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори или уверение од меѓународна институција  на А2 ниво на ЦЕФР (CEFR), односно  БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат

 Кандидатите се пријавуваат за работа во паралелките/екипи од:

-          Скопје ( 1 тренер )

-          Охрид ( 1 тренер )

-          Кавадарци ( 1 тренер )

Конкурсот трае до 12.01.2016година.


Изборот на кандидатите ќе го изврши УО на МКФ, на предлог на за таа намена назначената  3 (три) члена Стручна Комисија.


Повеќе информации за конкурсот прочитајте во линкот.







  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder