|  Соопштенија

Избрани најдобрите во Мак баскетот во 2015, Војдан и едина се најдобрите кошаркар и кошаркарка



Македонската кошаркарска федерација традиционално и годинава им додели признанија на најдобрите поединци и екипи во мак баскетот. На свечена церемонија во хотелот Александар Палас во присуство на спортисти, спортски работници и многу гости куќата на кошарката ги награди најдобрите во 13 категории.

За изборот на најдобрите во Мак - баскетот годинава со својот глас одлучуваа новинарите, претставаниците на сениорксите екипи и спортските работници.



Признанието најдобара кошарка за 2015 година го доби еден нашиот интернационалец, капитенот на црвено жотлите Војдан Стојановски. за војдан ова е трето признание најдобар кошаркар во кариерата во сениорска конкуренција(2008,2011, 2015). Поради обрвиските во својот клуб во Шпанија Морабанк Андора, признанието од рацете на претседателот на МКФ Петар Наумоски го прими неговиот брат Огнен Стојановски.



За најдобра Кошаркарка на 2015 годината во Македонија е прогласена репрезентативката Едина Муса, поради своите одлични игри во дресот на Лотос.


Најдобара македонски тренер за 2015 година е предводникот на вицешампионот Куманово, Страшо Тодоровиќ, очекувано признанието најдобар тренер во женска конкуренција му припадна на стратегот на носителот на двете титули Бадел 1862, Перо Стамески.

Најдобрите тренери во младинска конкуренција во Македонија за 2015 се Влатко Мирковски од МЗТ Скопје Аеродром (машка конкуренција) и Срѓан Дамњановски од Јуниор. (женска конкуренција).

И годинава признанието за најдобар македонски судија го доби нашиот ФИБА арбитар Александар Милојевиќ.

Двете најдобри екипи во сениорска конкуренција за 2015 година се македонските шампиони, МЗТ Скопје Аеродром кај мажите и Бадел 1862 во женска конкуренција.

Награди имаше и најдобрите во младинска конкуренција. Најдобар млад кошаркар на Македонија за 2015 година е репрезентативниот центар на МЗТ Скопје Љубомир Младеновски, а најдобрата млада кошаркарка е Ана Марија Шеќероска од Струга 2009.

 Најдобри клубови на годината во младинска конкуренција се МЗТ Скопје во машка и ЖКК Струга 2009 во женска конкуренција.

За одличната досегашна соработка и пред се за помошта и поддршката на македонската кошарка во целост, признание во форма на благодарница МКФ им додели и на спонзорите Халкбанка, Туркиш Ерлаинс, Триглав Осигурување,Пелистерка, Вивакс, Окта, Спорт М, Ноел, Пекабеско, Аџибаден Систина, Спалдинг,Тинекс, Фабрика Карпош, Цедевита и Хуавеј 
МКФ постхумно му додели признание на еден од основоположниците на македонската модерна кошарка популарниот Куко Цветан Петровски.

На свечената церемонија на изборот на најдобрите во македонската кошарка за 2015 година во улога на доделувачи на признанијата се појавија легендите на нашата кошарка Лазо Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур, Стојна Вангеловска, професорите Ленче Алексовска, Величковска, Милан Наумовски, деканот Вујица Живковиќ, и водечките луѓе на федерацијата претседателот Петар Наумоски, генералниот секретар Моника, Гаврилоска, потпретседателите Илија Пенов и Сашо Дракуловски, комесарите за натпреварување Антонио Угринов и Влатко Владичевски и претседателот на здружението на тренерите Драган Василов.

Најдобра млада кошаркарка: Ана Марија Шеќероска

Најдобар млад кошаркар: Љубомир Младеновски

Најдобар тренер во женска младинска категорија: Срѓан Дамјановски

Најдобар тренер во машка младинска категорија: Влатко Мирковски

Најдобар македонски судија: Александар Милојевиќ

Најдобра машка екипа, младинска категорија: МЗТ Скопје Аеродром

Најдобра женска екипа, младинска категорија:Струга 2009

Најдобра женска екипа, сениорска категорија: Бадел 1862

Најдобра машка екипа, сениорска категорија: МЗТ Скопје Аеродром

Најдобар тренер, женска конкуренција: Перо Стамески

Најдобар тренер, машка конкуренција: Страшо Тодоровиќ

Најдобар кошаркар за 2015 година: Војдан Стојановски

Најдобра кошаркарка за 2015 година: Едина Муса




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder