|  А-Тим Мажи
Победа на Унгарија во Јасмин 

 

Втор загубен натпревар на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите з учество на Евробаскетот во 2017 година. Нашиот национален тим во 3 коло од групата Г пред полни трибини во Јасмин во Кавадарци е поразен од Унгарија со 66-76((17-15, 18-17, 13-16, 18-28) во израмнет натпревар полн со резулатски пресврти.

Последните десет минути на дуелот во полниот Јасмин , каде имаше одлична навивачка атмосфера, црвено жолтите имаа огромна поддршка од трибините,го одлучија прашањето на победникот. Во решавачките моменти македонските репрезенативци не можеа да го следат исцрпувачкото темпо на Унгарџците кои во своите редови го имаа и одличниот Војвода, по што гостите го напуштија Јасмин со третата победа во низа во квалификациите со која направија голем исчекор кон посакуваниот Евробаскет во 2017 година.


Во првите две четвртини репрезенациите на Македонија и Унгарија мнмногу повеќе обрнуваа внимание на играта во одбрана што резултираше со многу грешки во нападот.

Лошиот почеток на третиот период како да го најави неуспехот на нашиот национален тим . Цели четири ипол минути  не успевавме да постигнеме поени, но за среќа во сличен ритам беа и кошаркарите на Унгарија , кои не успеаа да направат голема предност.


Двете селекции играа максимално ангажирано и борбено под двата коша. Македонија со поените на Јаневски и Тревис прави предност од 42-38.Но, на 2 минути и 46 секунди  до крајот на четвртината поради реакција на една сомнителна судиска одлука нашиот селектор Раца добива техничка грешка, веднаш по него и Костоски. Унгарија ја користи нервозта во нашите редови и  прави серија од 10-0 за водство од 48-42.Црвено жолтите со огромна поддршка од полните трибини  повторно се враќаат во посакуваниот ритам и израмнуваат на 48-48.



Кога сите очекувавме и се надевавме дека македонските кошаркари ќе успеат да го скршат комплетно отпорот на Унгарија, во продолжението проработува шутот за три поени на гостите. Со низа од две тројки Унгарија прави предност од 61-55. Тајм аутот на Раца не успава да го прекине ритамот на Унгарците кои преку Војвода  зголемуваат и на 65-55.



 Капитенот Војдан Стојановски со тројка се обиде да не врати, но повторно направивме неколку грешки кои не одалечуваа од победата. Сепак не се предадовме. Николовски со четири поени во низа, намали на 62:67 на две и пол минути до крајот. Центарот на Фени не застана тука, направи дефанзивен скок и со две слободни фрлања доближи на 64:67. Војвода погоди тројка, Тревис промаши слободни фрлања , по што на теренот во Јасмин повторно на сцена стапи вечерва маестралниот Војвода кој со 28 постигнати поени беше најсзалужниот за големиот триумф на Унгарија во Кавадарци.

Во редовите на нашиот национален тим воцфрен број на поени имаа капитенот Војдан Стојановски 16 и Ромео Тревис со 12 поени, на што додаде и 12 скока.


Селекторот на Македонија Драган Раца разочаран од поразот по мечот истакна:

„Очекувавме ваков натпревар неизвесен и физички. Како се подготвуваме, така се движеше натпреварот. Ништо не беше изненадување за нас. Наша цел беше високите играчи да направат повеќе лични грешки и успеавме во тоа. Сепак немавме концентрација во последната четвртина. Знаевме дека ќе биде тешко.Дефинитивно фалеше Дамјан. Во негово отсуство, требаше некои играчи да го понесат товарот. Дел немаа концентрација, на крајот одлучуваше играта еден на еден. Немавме играч кој ќе го сопре Војвода, кој ги постигна клучните поени. Кога се случија техничките грешки се вративме, но тука се потрошивме многу. На крајот паднавме, немавме доволно концентрација, особено во последните пет минути. Ние немавме искусни кошаркари, дел од нив не играат во своите клубови па мора тука да ги разигруваме.“ рече Раца, веднаш по мечот.

По победата над Македонија селекторот на Унгарија, Стојан Иваковиќ задоволен од резулатот истакна:

–Моите кошаркари дадоа се од себе во овој натпревар кој беше мошне рамноправен, но на крајот само еден можеше да се радува на победата.Ние ќе одиме да се бориме во Лондон, па ако треба и да се „истепаме“, затоа што во квалификациите понекогаш токму таа борбеност и посакување на победата носи резултатизјави селекторот на Унгарија, Стојан Ивковиќ.


Избраниците на Раца во 4 коло од групата Г му гостуваат на Луксембург, кој во 3 коло загуби од Велика Британија со 95-72.

По 3 кола Унгарија со максимален ефект и 6 бода е лидер во групата Г, пред Британија со 5 , Македонија со 4 и Луксембург со 3 бода.





 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder