|  Соопштенија
Гаврилоска: Визијата на МКФ е да се стави акцент во работата со најмладите



Генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација Моника Гаврилоска во интервју за порталот „охридскај“ го даде своето видување за моменталната состојба во нашата женската кошарка, и за визијата на МКФ како да се подигне нејзиниот квалитет.
Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто на Гаврилоска за „Охридскај“ во целост.

-За прв пат воопшто во женска кошарка се преземаат ваков вид на активности. Веќе во Јануари да се прават Контролни тренинзи, и да се даде шанса на сите девојки да го покажат својот талент.
Целата активност ја води Координаторот на женските селекции, Стојна Вангеловска, а Стручните Штабови ќе се назначат пред почетокот на подготовките на репрезентациите. На тој начин се остава доволно простор и на тренерите да покажат до каде се со своето знаење и квалитет, што исто така до сега не беше пракса. Така што на сите овие активности кои се предвидени пред почетокот на подготовките, активно учество освен играчите имаат и нивните тренери. – како што ни изјави Моника Гавриловска генерален секретар на МКФ.

За квалитетот на нашите кошаркарки,фактичката состојба на репрезентацијата и кои се следни чекори за подбрување на работите Гавриловска додаде: Сите вистински љубители и познавачи на состојбите во женската кошарка знаат каде всушност припаѓаме со квалитетот и резултатите. Колку тоа и да е болно да се слушне, вистината е дека сме на самото дно во европски рамки. Поради тоа секој оној кој сака да помогне и даде свој допринес во подигнувањето на нивото на кошаркарската игра, е добредојден да соработува со нас. Планот за работа кој МКФ го има како визија, е да се стави акцент во работата со најмладите категории, па преку нивниот напредок да успееме да ја вратиме кошарката таму каде што и е местото. А за да ги собираме првите плодови од тоа, ќе треба навистина сите ние да бидеме трпеливи и си даваме поддршка едни на други. Веќе од оваа сезона се направија првите чекори во изедначувањето на критериумите и условите на женската со машката кошарка. Поголем простор во медиумите со тоа што во договор со МТВ успеавме да ги ставиме финалните утакмици од женска конкуренција на ТВ. На нашата официјална Веб страница редовно се постираат сите поважни информации за активносите во женската кошарка. Се доделија спортски реквизити по клубовите од сениорска и младинска конкуренција, не можеби онолку колку би сакале, но доволно да им покажеме дека кај нас постои желба да им помагаме. Но за жал од другата страна морам да нагласам дека не добиваме подршка оналку колку што очекувавме. Треба да им стане јасно и на клубовите дека мораат истите да направат чекор напред, зошто само така ќе успеваме да го подигаме нивото, истакна генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска во интервјуто.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder