Нови маркирања
на кошаркарски
терен
ФИБА 2010

Специјализирано студио за обележување на линии и димензии според новите правила на ФИБА - Октомври 2010. Препорачано од МКФ.


djordano_priem@t-home.mk
тел: 02/3238238, 075249490, 076435435

Појаснување за новите димензии на кошаркарскиот терен








 

Во Златибор започна серијата подготвителни средби

Македонија - Црна Гора 82-58

Нашата најдобра селекција во првиот контролен натпревар против Црна Гора извојува убедлива победа. Информации за составите, стрелците и текот на натпреварот

12 Јули 2010
Златибор, Република Србија

Црна Гора - Македонија 58-82
(резултат по четвртини: 14-24; 19-18; 10-24; 15-16)
(резултат по паузи: 14-24; 33-42; 43-66; 58-82)
Судии: Маричиќ, Манојловиќ, Димовски (сите од Србија)

Црна Гора: Дашиќ 8, Јеретин 10, Шеховиќ Су. 4, Бјелица 2, Голубовиќ 13, Дробњак, Кољевиќ 7, Пековиќ 12, Мараш, Драгичевиќ 2, Вучевиќ, Шеховиќ Се.

Македонија: Караџовски 5, Мираковски, Соколов 11, Стефанов 22, Д. Стојановски 5, В. Стојановски 14, Симоновски, Чековски 7, Антиќ 14, Гоцевски 2, Колариќ 2, Самарџиски.
 
Со мотивирана и пожртвувана игра, пред се во одбраната, како и со прецизниот шут за 3 поени, Македонија ја стартуваше серијата контролни настапи со победа против силната селекција на Црна Гора. Иако е рано за било какви оценки, за четата на селекторот Докузовски оваа победа значи зголемување на самодовербата, исклучително важна заради младоста на поголемиот број играчи во составот. Лоша вест е што Мираковски заради мали проблеми со препоните морал да го напушти натпреварот по само неколку одиграни минути, но сепак не станува збор за нешто сериозно. Очекувано, целиот натпревар од клупата го проследи Предраг Самарџиски, кој сеуште не е 100% подготвен заради повредата на градниот кош.

Кај составот на црногорскиот селектор Душко Вујошевиќ, од оние кои се очекува да бидат носители на играта во квалификациите недостасуваа високиот центар Славко Вранеш и плејмејкерот Омар Кук.

Утре во 13.00 часот следува и вториот дуел против Црна Гора, по што нашата експедиција се враќа во Скопје.

 












СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ГРАД СКОПЈЕ

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder