|  Куп натпреварувања 2015/16

Бадел 1862 повторно најдобар во Купот на Македонија
 


Кошаркарките на Бадел 1862 трета година во серија се најдобрата екипа во Купот на Македонија. Бадел 1862 со убедливиот триумф над Лотос од 88-58 на финалето во Гевгелија го зачува победничкиот трофеј во клупските вирини.

На финалето во Гевгелија најдобрата екипа во нашата женска кошарка ја управда улогата на фаворит. Младите кошаркарки на Лотос својот максимум го покажаа во вчерашното полуфинале кога извојуваа убедлива победа над Студент 2015.



Победникот на финалето беше решен уште по крајот на првите две четвртини по кои Бадел имаше огромна водство од 56-30.

Стојановска и Трајчевска со 23 односно 21 постигна поен беа најефикасните кошаркарки во победничкиот тим. Кај Лотос  повторно најрасположена за постигнување на поени е Лазаревска со 24 уфрлени коша.



Сандра  Лазаревска од Лотос  со 48 постигнати поени заслужено стигна до признанието за најдобар стрелец на завршниот турнир кое го прими од рацете на легендата Стојна Вангеловска. 



Нела Трајчевска од Бадел 1862 поради одличните игри во полуфиналето и финалето беше прогласена за најкорисната кошаркарка на завршниот турнир во Гевгелија.


Победничкиот пехар на освојувачот на Купот Бадел 1862 му го врачи генералниот секретар на МКФ , Моника Гаврилоска.

 






На цереминијата на доделувањето на медалите и признанијата учествуваа и потпретседателот на нашата федерација Илија Пенов и легендана на македонската кошарка Стојна Вангеловска.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder