|  Соопштенија
Состанок во МКФ со претставниците на клубовите, Собранието одложено


На ден вторник 19.04.2016 години во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа состанок меѓу претседателот на МКФ, Петар Наумоски со претставниците на клубовите од Прва лига мажи, Прва лига жени, Втора лига и младинските лиги на кои се разгледуваа предложените промени на Статутот и Регистрацискиот Правилник на МКФ. По состанокот  заеднички беше донесен Заклучок  Собранието закажано за ден 23.04.2016 година, на кое требаше да се расправа за промените на Статутот и Регистрацискиот правилник, се одложи, а се со цел добивање на Нормативни акти во интерес на сите заинтересирани страни.

На состанокот  заеднички се донесе Заклучок да уште еднаш сите членки на Собранието на МКФ, преку своите Здруженија и Асоцијации, ги разгледаат предложените промени на Статутот и Регистрацискиот Правилник на МКФ.

На состаникот  во просториите на куѓата на кошарката присуствуваа:

Претседателот на МКФ,

Претставник на Канцеларијата на МКФ,

Претставници на клубовите од Прва лига мажи,

Претставници од клубовите од Втора лига мажи,

Претставник од клубовите од Прва лига жени,

Претставник од клубовите од младинска лига,

Претседател на Регистрациска Комисија,

Претседател на Арбитража на МКФ,

Комесарот за натпреварување на сениорски лиги,

Потпретседател на Федерацијата, одговорен за надзор на функционирањето на сениорските лиги

На состанокот исто така заеднички Се донесе Заклучок да сите Здруженија и Асоцијации, во писмена форма ги дадат своите забелешки, примедби и сугестии, се со цел да се изготват Статутот и Регистрацискиот правилник кои ќе ги задоволи потребите на МКФ и сите негови членки.

Поради ова, заеднички беше донесен Заклучок да Собранието закажано за ден 23.04.2016 година, на кое требаше да се расправа за промените на Статутот и Регистрацискиот правилник, се одложи, а се со цел добивање на Нормативни акти во интерес на сите заинтересирани страни.





  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder