|  А-Тим Мажи

Последни подготовки пред стартот на Квалификациите за Евробаскетот

Влезниците за квалификацискиот меч со Белгија од среда во продажба

(05.08.2014) Квалификациите за Евробаскетот 2015 година почнуваат во недела (10 август), а репрезентацијата на Македонија првиот натпревар од групата Д ќе го игра на домашен терен против силната Белгија. Влезниците за натпреварот кој во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 20:30 часот, од среда се пуштаат во продажба.

На самиот почеток на натпреварите од квалификациската Група Д, Македонија ќе го одигра веројатно и најважниот меч во циклусот, кога за противник во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го има првиот фаворит во групата, силниот тим на Белгија. Нашата репрезентација одигра неколку одлични натпревари во текот на подготвителниот период, а поддршката од полни трибини во нашата најголема арена, како што беше случај и во минатите години, повторно ќе има огромно значење за нашите кошаркари, во походот да го одржат континуитетот на настапи на Европските Првенства.

Влезниците за квалификацискиот меч против Белгија од среда се пуштаат во продажба по цена од 100 денари (горни трибини) и 150 денари (долни трибини - партер), а ќе можат да се набават на повеќе продажни места ширум државата:

- Продажни салони на ONE во Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
- Југотон ГТЦ 1 кат.
- Универзална Сала - Скопје.
- Тобако - МПМ ПРЕС.
- Тобако Гоги - Драчево.
- Останати продажни места во Скопје: Розе Веро 2, Камарад Рамсторе, Кафе Браво, Круг Кафе.
- Други продажни места низ Македонија: ЗЗ ТОП Охрид, Агора Куманово, Хард Рок Битола, Шишко Кочани.

Од петок до недела, влезници ќе се продаваат и на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“ од 12:00 часот до 21:00 часот. Продажба на влезници се врши и преку интернет на следниот линк: http://karti.com.mk/makedonija-belgija.nspx




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder