Нови маркирања
на кошаркарски
терен
ФИБА 2010

Специјализирано студио за обележување на линии и димензии според новите правила на ФИБА - Октомври 2010. Препорачано од МКФ.


djordano_priem@t-home.mk
тел: 02/3238238, 075249490, 076435435

Појаснување за новите димензии на кошаркарскиот терен








 

Стартува системот за лиценцирање во македонската кошарка

Во новото првенство со подобри услови за сите

Со новиот Правилник за лиценцирање, усвоен на последното Собрание на МКФ, ќе се обезбедат порегуларни технички услови за натпреварување во сите возрасни категории.

Сите клубови кои сакаат да остварат право за настап во било која од лигите, почнувајќи од сезоната 2010/2011, ќе мораат да ги исполнат условите пропишани за издавање на соодветен тип годишна лиценца. Своите барања за издавање на лиценца, клубовите треба да ги достават до канцеларијата на МКФ најдоцна до 15 Август 2010. Во прилог на барањето, секој клуб треба да достави информации кои се потребни за издавање на истата лиценца, а кои Лиценцно-Техничката комисија на МКФ треба ќе ги провери со контрола на клубот и салата за настап. Токму врз база на препораките на Лиценцно-Техничката комисија ќе се носат одлуки за одобрување или одбивање на барањето за издавање лиценца. Оваа комисија треба да изврши преглед и достави мислење до канцеларијата на МКФ до почетокот на следната сезона (апроксимативен датум - 20 Септември 2010).

                

Согласно одредбите на новодонесениот Правилник за лиценцен систем и категоризација на кошаркарските субјекти, ќе бидат привилегирани клубовите кои инвестираат во сениорска екипа, но и во младинските школи на својот клуб. Новиот систем ќе ги мотивира сите оние кои имаат сериозна намера во својата дејност во кошарката, кои во кошарката не се само заради профит од наплата на членарина на големиот број деца кои го пратицираат овој прекрасен спорт. Новиот Лиценцен систем ќе ги награди сите оние кои вложуваат во својата екипа и клуб и кои сакаат регуларни технички услови на сите натпревари, што од друга страна повторно е исклучително битно за развојот на младите играчи.

Донесувањето на овој правилник е првиот сегмент од промените со кои ќе се постави кошарката на уште поздрава основа. Еден од следните сегменти е системот  за издавање на тренерски лиценци, кој покрај заострување на критериумите, на сите тренери и потенцијални тренери, ќе им понуди можност за дополнителна едукација, усовршување и напредок во однос, пред се, на работата со млади категории, но и водењето на екипа во Првата Лига на МКФ.  

 












СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ГРАД СКОПЈЕ

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder