Познат списокот на играчи за квалификациите за ЕП 2011
Докузовски одбра 24 кошаркари
Подготовки во Скопје и Охрид, натпревари во Фиренца, Птуј, Златибор и Скопје
Селекторот Марин Докузовски денеска го одреди составот на играчи кои ќе бидат пријавени во ФИБА Европа. за настап во августовските квалификации за ЕП 2011 во Литванија. На списокот се неколку повратници и неколку нови имиња, претежно од младинските селекции.
Подготовките стартуваат во Скопје, каде ќе бидат направени редовните медицински тестови во “Филип Втори“, а потоа тренинг кампот се сели во Охрид, каде кошаркарите ќе бидат до 7 Јули. Од таму следува серија подготвителни натпревари, која стартува на турнирот во Фиренца (Италија, Полска и Бугарија). Потоа следуваат два натпревари со најдобрата селекција на Словенија во Птуј, а гостинските подготвителни средби завршуваат на Златибор, каде ќе одиграме двомеч со Црна Гора. Во пресрет на квалификациите, домашниот тест за нашата најдобра селекција ќе биде Трофејот Македонија, на кој гости ќе ни бидат Црна Гора, Полска и Брегот на Слонова Коска, селекција која се подготвува за настап на СП во Турција.

Квалификациските настапи ги започнуваме на Илинден, 2 Август со настап во Украина (Јужни), потоа следуваат Унгарија (Скопје, 5 Август), В. Британија (Њукасл, 8 Август), БиХ (Скопје, 14 Август), Украина (Скопје, 17 Август), Унгарија (Шолнок, 20 Август), В. Британија (Скопје, 23 Август) и БиХ (Сараево, 29 Август).
|
Име |
Презиме |
Клуб |
поз |
вис |
год |
|
Перо |
Антиќ |
Лукоил, Бугарија |
к/ц |
210 |
1982 |
|
Ѓорѓи |
Чековски |
Левски, Бугарија |
к/ц |
202 |
1979 |
|
Ивица |
Димчевски |
Вардар 2000, Македонија |
б/к |
198 |
1989 |
|
Александар |
Димитровски |
Работнички, Македонија |
б |
194 |
1980 |
|
Тодор |
Гечевски |
ПАОК, Грција |
ц |
210 |
1977 |
|
Златко |
Гоцевски |
Јамбол, Бугарија |
к/ц |
206 |
1982 |
|
Владо |
Илиевски |
У. Олимпија, Словенија |
б |
187 |
1980 |
|
Димитар |
Караџовски |
Торус, Македонија |
б |
188 |
1984 |
|
Кирил |
Николовски |
В. Осигурување, Македонија |
ц |
210 |
1988 |
|
Александар |
Костоски |
В. Осигурување, Македонија |
б |
188 |
1988 |
|
Бојан |
Крстевски |
Вардар 2000, Македонија |
к/ц |
206 |
1989 |
|
Јован |
Марковски |
Торус, Македонија |
б/к |
198 |
1988 |
|
Џеремаја |
Мејси |
Компостела, Шпанија |
к/ц |
202 |
1982 |
|
Димитар |
Мираковски |
Евроинс Варна, Бугарија |
б |
178 |
1981 |
|
Јане |
Петровски |
Рилски С., Бугарија |
б |
180 |
1985 |
|
Предраг |
Самарџиски |
ФМП, Србија |
ц |
215 |
1986 |
|
Марко |
Симоновски |
Работнички, Македонија |
б/к |
192 |
1989 |
|
Дарко |
Соколов |
Фени И., Македонија |
б |
190 |
1986 |
|
Ристе |
Стефанов |
Фени И., Македонија |
б |
198 |
1981 |
|
Дамјан |
Стојановски |
В. Осигурување, Македонија |
б/к |
197 |
1987 |
|
Војдан |
Стоојановски |
Напредак, Србија |
б |
195 |
1987 |
|
Дариус |
Вашингтон |
Лотоматика, Италија |
б |
188 |
1985 |
|
Енес |
Хаџибулиќ |
Работнички, Македонија |
б/k |
194 |
1981 |
|
Слободан |
Михајловски |
Фени И., Македонија |
к/ц |
202 |
1982 | |