|  Соопштенија
Прв семинар на клупските доктори 
 
 
Македонската кошаркарска федерација преку Комисијата за Здравство и Анти-Допинг на 10.01.2016 година во просториите на хотелот „Елса“ во Скопје го организираше првиот Семинар за клупски доктори.



Семинарот на клупските докори мина во одлична работна атмосфера со присуство на голем број на посетители. Свои предавања на семинарот имаа др. Емилија Чутановска, на тема „Кардиопулмонална реанимација“,др. Виктор Камиловски, на тема „Најчести повреди во кошарката“,др. Игор Николов, на тема „Шлатер синдром кај адолесценти“ и др. Тања Чепреганова, на тема „неуролошки аспекти во спортот“.
 
По завршувањето на Семинарот , посетителите кои имаа доставено комплетна документација,добија Лиценци со важност до крајот на натпреварувачката сезона 2016/2017.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder