|  Куп натпреварувања 2015/16

Гевгелија подготвена за 24 издание на Купот на Македонија



По прв пат во историјата Гевгелија ќе биде домаќин на завршниот турнир од Кошаркарскиот куп на Македонија.Од петок до недела(19-21 .02.2016 година) осумте прволигаши во машка конкуренција и најдобрите четири екипи во нашата женска кошарка ќе атакуваат на трофејот во националниот Куп.
Пред 24 издание на Купот на Македонија, Гевгелија денеска на прес конференција ги нагости претставниците екипите учесници на завршниот турнир. Присуствуваа и претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

Како и секој добар домаќин првиот човек на општина Гевгелија им посака добредојде на сите учесници и посака пристојниот турнир да биде вистински празник на кошарката .



-Во последните години Гевгелија е град во кој и кошарката бележи забрзан подем, како општина забележавме раст во спортот. Ние постојано работиме за да ги подобриме условите за спорт. На сите им посакувам добар престој во Гевгелија и многу успех на претстојниот финален турнир“ – изјави Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

Пред новинарите за очекувањата на завршниот турнир од Купот на Македонија ги пренесоа и претставниците на клубовите ученици. Кои беа сложни во едно дека на  Купот никогаш немало фаворити.

Најголем оптимист  меѓу тренерите беше предводникот на Куманово , Страшо Тодоровиќ .
-Екипата на Куманово моментално бележи само успеси, но за жал ќе се сретнеме со најтрофејниот клуб Работнички во четвртфиналето. Мислам дека ќе ги добиеме. Одиме чекор по чекор“ порача  СтрашоТодоровиќ, предводникот на Куманово.



Перо Блажевски помошникот на Докузовски на клупата на бранителот на пехарот Работнички смета дека овој состав на популарните „центарци“ е многу поразличен од минатогодишниот со кои  беше освоен трофејот.
„Во споредба со тоа што беше лани, ростерот е поразличен. Квалитетот на екипата е со помлади играчи, но без разлика на променетиот ростер, се надеваме на добра игра. Ќе одиме на победа, без разлика што Куманово е фаворит на натпреварот, изјави Перо Блажевски.

Членот на стручниот штаб на Карпош Соколи Борче Даскаловски  порача дека главна цел на клубот е пласман меѓу четирите најдобри.


-Годинава за нас е што подобро да го претставиме клубот, и да победиме во 1/4 финалето со Струмица.Нашата главна цел е пласман меѓу четирите најдобри, истакна Даскаловски.


За предводникот на Струмица, Зетов Карпош Соколи е фаворит, но во Купот секогаш се случуваат изненадувања.

-Екипата на Карпош е фаворит, но моите кошаркари ќе дадат максимум со надеж дека во Купот се можни изненадувања, вели Златко Зетов.

Стратегот на домаќинот на Купот, Кожув Марјан Илиевски,пред стартниот дуел со Фени Индустри во ? финалето смета дека притисокот на јавноста за остварување на добар резултат ќе биде позитивен за неговите кошаркари.



Притисокот и мотивот ќе произведе резултат на задоволство на градот и клубот. Во моментов сме фокусирани на првиот натпревар. Се што е понатаму ќе коментираме понатака“ – додаде Марјан Илиевски.
Неизвесен интересен и квалитетен Куп очекува и предводникот на Фени И. Малинков.


„Не би било куп- натпреварување ако нема изненадување. Кожув за мене е поголем фаворит иако ние сме подобро пласирани на табелата. Верувам дека ќе дојдеме до полуфиналето, но и потоа до финалето“, изјави Љупчо Малинков.

Младиот предводник на Бест, Влатко Мирковски  пред четвртфиналето со шампионот МЗТ Скопје  вели дека младите кошаркари ќе се обидат достојно да го претстават клубот.


-Ние ќе играме против шампионот, во првенството претрпевме два убедливи порази. Во петок ќе се обидеме достојно да го презентрираме клубот и градот, изјави Мирковски.



Тренерот на нашиот женски прволигаш Клубски Патриот Љупчо Петровски пред полуфиналето против бранителот на трофејот Бадел 1862 смета дека победникот од нивната пресметка ќе биде освојувачот на Купот .
-Играме со освојучот на Купот Бадел, нашиот дуел ќе биде „финле пред финалето“ очекувам победа и освојување на пехарот, вели Петровски.





24 издание од Купот на Македонија стартува  в петок од 13 часот со четврт-финалето  меѓу МЗТ Скопје и Бест. Потоа од 15-30 часот следува средбата Струмица – Карпош Соколи  од 18 часот Работнички против фаворитот Куманово ја започнува одбраната на трофејот,а последен на програмата е дуелот меѓу Кожув и Фени Индустри, со почеток во 20.30 часот.
Во сабота се играат полуфиналните средби , финалето е на програмата во недела. женското финале стартува во 15-30 часот, а машкото се игра од 19-30 часот.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder