|  А-Тим Мажи
Војдан Стојановски за официјалната страница на ФИБА Европа: Имаме добра група, но сепак се ќе зависи од нас 


Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски во интервју за официјалната страница на ФИБА Европа ги изнесе своите очекувања за уччеството на нашата најдобра селекција во квалификациите, за новиот селектор,за младите соиграчи во тимот. 
 Кошаркарска репрезентација на Македонија од 31 август до 17 септември ќе атакува на пласман на Евробаскетот во 2017 година, кој како и претходниот повторно ќе се игра во четири држави. Нашиот националн тим  во евроквалификациите ќе игра во групата Г против селекциите на Унгарија, Луксембург и Велика Британија. Според квалитетите црвено жолтите се најсериозните кандидати за пат на ЕП кое ќе се одржи во Турција, Романија, Финска и Израел. Еден од предводниците на нашиот тим во квалификациите сигурно ќе биде искусниот Војдан Стојановски, кошаркар на Ривер Андора од Шпанија.

Во интервју за официјалната страница на ФИБА Европа нашиот капитен Војдан Стојановски ги изнесе своите очекувања околу учеството во квалификациите, во кои влегуваме во улога на фаворити.Стојановски предупредува дека во квалификациите во кој влегуваме со нов селектор Драган Раца, не чекаат сериозни ривали, бидејќи нашата селекција минува низ циклус на смена на генерацијата.

 „Имаме добра група, но сепак, с? ќе зависи од нас. Ако добро ги одработиме подготовките, тогаш имамеголеми шанси  да се пласираме на з Евробаскетот во 2017 година. Мора да даваме с? од себе од меч во меч, натпревар против Луксембург на пример не смее да го гледаме како лесен, затоа што и тие може да играат кошарка“,.Нема да ни биде лесно да обезбедиме пласман на ЕП затоа што минуваме низ генерациска смена. Владо Илиевски се пензионира, Ричард Хендрикс нема да игра, а плус имаме и нов тренер - Драган Раца. Знам дека тој работел многу години во Кипар и Азија, чув дека е добар тренер, но ќе треба да го видиме неговиот систем на работа“, истакна Војдан  Стојановски за официјалната страница на ФИБА-Европа.

За нашата селекција во престојниот квалификациски циклус главен проблем ќе биде недостатокот на  високи кошаркари, но Војдан Стојановски вели дека  Македонија има таленти кои може одлично да ја пополмат оваа позиција , еден од нив секако е центарот на МЗТ Скопје . Љубомир Младеновски.

„Имаме три-четири талентирани кошаркари, а еден од нив е Љубомир Младеновски, кој е доста корпулентен и кој има шанса да се развие во добар кошаркар. Ни требаат такви големи момци! Тој веќе играше еднаш на ЕП. На тренинг-кампот ќе зборувам со нив и ќе им кажам дека треба да го даваат максимумот за својата земја, секогаш кога и да играат, порача  Војдан Стојановски.


За Војдан Стојановски и секако за целиот тим најзначајно е да се задржи континуитетот на пласман на континенталните првенства.

„Ние не сме Литванија, Шпанија и Србија“, немаме широк ростер на кошаркари. Откако постарите се пензионираа, сметам дека за нас сега е најважно да се пласираме на ЕП. Многу сакам да играм на четврто првенство по ред, вели  меѓу другото нашиот искусен репрезентативец Војдан Стојановски за официјалната страна на ФИБА Европа. 




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder