|  Соопштенија
МКФ дел од Европска кошаркарска недела
 
На 03.12.2016(сабота) од 9 ч. до 14 ч. во салата на К.К. Вардар (под Кале) ќе се одржи кошаркарски турнир, Европска кошаркарска недела на Специјална Олимпијада, настан кој е ќе биде организиран од страна на Специјална Олимпијада Македонија а во соработка со Кошаркарска Федерација на Македонија.
Турнирот опфаќа натпреварувања во традиционална кошарка, Јунифајд кошарка и 3 Х 3 баскет.

13-тата Европска кошаркарска недела ќе се одржи во 35 земји обединувајќи 19000 атлети, лица со интелектуална попреченост, членови на Специјална Олимпијада, случувањето е помогнато од 25 кошаркарски федерации и 60 професионални кошаркарски клубови кои овозможуваат Европската кошаркарска недела да биде традиционален настан за лицата со интелектуална попреченост. 

 Како дел од предвидените активности во рамките на Европската кошаркарска недела, на 04.12.2016 во Конгресната сала на С.Ц. Борис Трајковски  со почеток во 09:00часот ќе се одржи семинар за обука на Јунифајд кошаркарски тренери, кој што ќе има за цел да го доближи овој концепт на кошарка до оние кои имаат визија за инклузивно спортување.

 

Поддржан од ФИБА Европа и Евролига, целта на Европската кошаркарска недела на Специјална Олимпијада и активностите кои ќе се организираат е да се зголемат можностите за спортување на лицата со интелектуална попреченост со што ќе се влијае на квалитетот на нивниот живот и ќе се промовираат некои хуманистички вредности како што се почитувањето, прифаќањето и инклузијата.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder