|  Соопштенија
МКФ ќе ја испитува можноста на чело на репрезентацијата да се врати Докузовски



УО едногласно ја поздрави Спогодбата за соработка со Турската Кошаркарска Федерација, а се очекува во иста насока да се развие и соработката со Словенечката Кошаркарска Федерација, како и со NCAA – Лигата на Универзитетските екипи од САД.

Распуштање на Стручниот штаб на Сениорската репрезентација и формирање на тричлена комисија која што ќе ги испитува можностите Марин Докузовски повторно да ја преземе работата со сениорите, се дел од одлуките на седницата на Управниот одбор на Македонската Кошаркарска Федерација одржана на 26ти октомври.

 Стручниот штаб е распуштен и покрај прифатените извештаи на досегашниот селектор Марјан Србиновски и на спортскиот директор, Заре Марковски. На предлог на Марковски, УО формираше тричлена комисија со Претседателот Петар Наумовски, Потпретседателот Илија Пенов и членот на УО, Среќко Трајковски, чија цел ќе биде да ги испита можностите за враќање на Докузовски на кормилото на МКФ и изнаоѓање на соодветен авторитет кој ќе застане на чело на сениорската селекција.

 Покрај анализата на настапот на сениорите на ЕП ’15, на седницата на УО беа верифицирани листите на судии и делегати за првиот дел на сезоната 2015/16.Спогодбата за соработка со Турската Кошаркарска Федерација беше едногласно поздравена, а се очекува во иста насока да се развие соработка и со СловенечкатаКошаркарска Федерација, како и со NCAA – Лигата на Универзитетските екипи од САД.

Реконструкцијата на Стручниот Совет продолжува со мандатот на Марјан Лазовски за машката сениорска кошарка и на Перо Стамевски, кај женската, заедно со мандатите на Душан Боцевски и Стојна Вангеловска кај младинците. Одборот го проширува составот на Советот со уште три члена: Благоја Георгиевски, Видоја Секуловски и Среќко Трајковски.

 За следниот состанок, Управниот Одбор најави развој на стратегија за едукација на тренерскиот кадар, што едногласно беше прифатено и оценето како неминовен и многу важен чекор во продуцирање на квалитетни кошаркарски капацитети. За таа цел претседателот на Тренерската комисија, доцент Борче Даскаловски го комплетираше форумот со Василов и Марковски.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder