|  Соопштенија
Потпишан договор за соработка меѓу МКФ и тимот на д-р. жан митрев
 


Тимот на академик д-р. Жан Митрев во следните две години ќе се грижи за здравјето на сите македонски репрезентации во машка и женска конкуренција. 




Денеска претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и првиот човек на  Специјална  болница Филип Втори д-р. Жан Митрев потпишаа договор за соработка.

Во следните две години Тимот на д-р. Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на кошаркарите и кошаркарките од кадетската, јуниорската, младинската и сениорската репрезентација. 



МКФ и специјалната болница соработуваа и во периодот од 2009 до 2013 година.


Тимот на д-р. Жан Митрев и МКФ беа партнери во времето на најголемиот успех на нашата сениорска репрезентација, на патот на црвено жолтите кон историското четврто место на Евробаскетот во 2011 во Литванија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder