актуелниот освојувач Бадел 1862 очекувано прв финалист во Лимак Купот на Македонија  

Актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија Бадел 1862 е првиот учесник во утрешното женското финале. Баделки во првото полуфинале го совладаа тимот на МНА Кожувчанка со 63-47. Само во првите 14 минути кошаркарките на МНА беа рамноправен противник на  младиот тим на Бадел , во продолжението физички подобро подготвените и поквалитетни кошаркарки на Бадел од напад во напад го зголемуваа водзтвото за на крајот да забележат лесна и убедлива победа од 63-47.

Најдобрата кошаркарка на Македонија за 2016 година Нена Трајчевска со 27 постигнати поени очекувано беше најдобрата кошаркарка на премиерното полуфинале, одличен натпревар одиграа и Пејковска и Лескароска со по 14 односно 10 поени. Кај МНА , Славица Наков постигна 16, а Василеска 14 поени. Баделки во утрешното финале од Лимак купот на Македонија го очекуваат победникот од полуфиналето Вардар - Пелистер .




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder