Карпош Соколи повторно во финалето на Купот

Втора година по ред кошаркарите на Карпош Соколи обезбедуваат пласман во финалето на националниот Куп. Вечерва во првото полуфинале во Јасмин во Кавадарци екипата на Карпош Соколи го победи Работнички со 92-78. Во најинтересниот натпревар на завршниот турнир од Лимак Купот на Македонија кошаркарите на Драган Николиќ во натпревар со дури 28 постигнати тројки, 12 Работнички и 16 Карпош Соколи го победија големиот ривал и се пласираа во финалниот натпревар.

Поголемиот фонд на квалитетни кошаркари во составот беше пресуден за конечпниот триумф на Карпош, против искусниот и исцрпен Работнички.

Дуелот во Јасмин може да се каже дека беше едно вистинско шоу на шутеви зад линијата за три поени,посебно импесивни беа Мавра со 6 од 7, Тасовски со пет погодени од осум шута и Бојан Трајковски со 50% успешност 4од 8.

Инаку најефикасни кошаркари на полуфиналет беа Мавра со 27 и Трајковски кај победникот Карпош Соколи и Диме Тасовски со 23 во тимот на Работнички.

Карпош Соколи во утрешното финале на Лимак Купот на Македонија од 19 часот ќе го очекува подобриот од полуфиналето Фени Индустри МЗТ Скопје А.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder