|  Репрезентации  |  А-Тим Жени
Денес попладне претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска се сретнаа со досегашните членките на нашата сениорска репрезентација.

СЕНИОРСКА ЖЕНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (2014)

Селекторот Јовановиќ задоволен од репрезентативките и покрај поразот
(23.06.2014) И покрај хендикепот со голем број повреди во нашиот состав, Женската репрезентација на Македонија одигра добар меч на гостински терен кај Велика Британија, во кој одржуваше резултатска неизвесност во текот на сите 40 минути. Британија победи на крајот со 71-60, нанесувајќи и го петтиот пораз на нашата репрезентација во Квалификациите за Евробаскетот 2015.
Четврти пораз на Македонија во Квалификациите за женскиот Евробаскет
(19.06.2014) Со висока победа од 101-59, големиот фаворит ја оправда улогата задржувајќи се на првата позиција на табелата без пораз по четири натпревари. Македонија, со четири порази досега, следниот натпревар го игра во недела на гостински терен против Велика Британија.
Трет пораз за Македонија во Квалификациите за Евробаскетот
(16.06.2014) Иако одигра добра прва четвртина, слично како и на останатите две средби, Македонската женска сениорска репрезентација не успеа да го задржи високото темпо на игра во текот на целиот меч и на крајот доживеа висок пораз од Белгија со 94-66. Репрезентативките се враќаат во Кавадарци, каде во среда ќе ја пречекаат првопласираната Литванија.
Трет натпревар за женската репрезентација во Квалификациите
(15.06.2014) По поразите од Литванија на гости и Велика Британија на домашен терен, Македонската женска сениорска репрезентација денеска од 15.00 часот гостува на Белгија во Антверп, со надеж дека може да се спротистави на уште една фаворизирана репрезентација и да дојде до првата победа во квалификациите.
Втор пораз за Македонија во Квалификациите за Евробаскетот 2015
(11.06.2014) Слабата игра во првото полувреме, пред се во нападот, се покажа како клучна за конечниот исход. Македонија одигра многу подобро второ полувреме против големиот фаворит Велика Британија, но немаше сили за пресврт, доживувајќи го вториот пораз од исто толку натпревари досега во Квалификациите.
Прв натпревар на домашен терен во Квалификациите за Евробаскетот
(11.06.2014) Денеска од 19.30 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци, нашата женска сениорска репрезентација ќе го одигра вториот меч од квалификациите за Евробаскетот 2015 година и прв на домашен терен. Противникот, кој со години наназад е во самиот врв на Европската женска кошарка, ја ужива фаворитската улога пред мечот, но мотивацијата, тимскиот дух и домашниот терен даваат дополнителна сила на нашиот подмладен состав, кој амбициозно гледа на добар резултат.
Пораз за нашите репрезентативки на отворањето на Квалификациите за ЕП
(09.06.2014) Шутерското шоу на Литванките во второто полувреме во кое постигнаа 66 поени, го одлучи победникот на првиот натпревар од Квалификациите за Евробаскетот 2014 година. И покрај доброто прво полувреме, избраничките на Горан Јовановиќ доживеаја пораз на гостински терен од 108-66 во дуелот со фаворитот.
Женската репрезентација ги почнува квалификациите за Евробаскетот
(08.06.2014) Нашата женска сениорска репрезентација денеска од 17.00 часот во Кедаиниаи, ќе го одигра првиот натпревар од Квалификациите за Евробаскетот 2015 против силната селекција на Литванија.
Репрезентацијата се враќа во Кавадарци за последни подготовки пред Квалификациите
(03.06.2014) Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска против Бугарија настапи без неколку кошаркарки од стартниот состав, така што посериозна шанса добија и најмладите. Бугарија победи со 82-53, во последниот натпревар за Македонија од подготовките пред Квалификациите за Евробаскетот.
Денеска се игра последната подготвителна средба
(03.06.2014) Нашата женска сениорска репрезентација од вчера е во Самоков, каде веќе го одигра првиот од двата пријателски дуели со домаќинот Бугарија. Избраничките на Горан Јовановиќ одиграа добар меч, но загубија во дуелот со фаворитот со 79-67.

ПОДГОТОВКИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2015 (ЖЕНИ)

Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Македонија

Романија

30.05.14

19:00

Stream

68-65

Македонија

Романија

31.05.14

17:00

53-70

Добра завршница на натпреварот за нашите репрезентативки
(31.05.2014) Синоќа во салата „Јасмин“ во Кавадараци, нашата Сениорска Женска Репрезентација во пријателски натпревар го совлада домаќинот на следниот Евробаскет, селекцијата на Романија. Подготовките за настап на квалификациите продолжуваат со нова средба помеѓу овие две селекции закажана за денеска од 17.00 часот.
Нови средби за девојките во подготовките за Евробаскет квалификациите
(30.05.2014) По подготовките и натпреварите во Словенија, од вчера Македонската женска сениорска репрезентација е во Кавадарци, градот каде ќе ги игра и квалификациските натпревари за Евробаскетот на домашен терен. Денеска и утре избраничките на Горан Јовановиќ ќе одиграат две подготвителни средби против еден од домаќините на Евробаскетот, составот на Романија.
Утре се игра вториот меѓусебен дуел од подготовките за Евробаскетот
(19.05.2014) Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз во денешната пријателска средба во Јесенице против Португалија од 52-47. Натпреварот беше од затворен карактер, а селекторот го искористи да ги воигра кошаркарките, експериментирајќи со повеќе различни тактички варијанти. Утре од 19.00 часот се игра вториот пријателски меч во Жеровница.
Во склоп на подготовките за настап на Квалификациите за Евробаскетот
(19.05.2014) Нашата женска сениорска репрезентација од минатата недела е во Словенија каде се подготвува за настап на Квалификациите за Евробаскетот што ќе се играат во јуни. За денеска од 19.00 часот предвиден е првиот пријателски меч против Португалија во Крањска Гора, а утре од истиот термин но во Жировница, ќе се одигра вториот дуел помеѓу овие две селекции, на кој се очекува спектакл.
Фото-вест
(19.05.2014) Македонската Женска Репрезентација голем дел од подготовките за Евробаскетот ги работи во Словенија, а Македонското Друштво во Словенија организираше свечен дочек за нашите репрезентативки, на кој беа поздравени и од градоначалникот на Јесенице.
Одржана прес-конференцијата по повод почетокот на подготовките за настап на Квалификациите за Евробаскетот
(02.05.2014)  На прес-конференцијата што се одржа денеска во просториите на МКФ, селекторот на Женската Репрезентација, Горан Јовановиќ, заедно со репрезентативките Анџелика Митрашиновиќ и Александра Стојановска, ги претставија очекувањата во пресрет на Квалификациите за Евробаскетот 2015 година. Подмладениот состав го очекува исполнет подготвителен период, пред квалификациските средби во јуни.
Селекторот Горан Јовановиќ го одреди списокот за Квалификациите
(25.04.2014) Женската Сениорска Репрезентација на Македонија во текот на јуни 2014 година ќе настапи на квалификациите за Европското Првенство што во 2015 година ќе се игра во Унгарија и Романија. Селекторот Горан Јовановиќ го одреди списокот од 24 кошаркарки на кои ќе смета за време на целиот квалификациски циклус. Првиот собир ќе се одржи во Скопје на 30 април.

Архива на вести:
- Квалификации за ЕП 2015 - Турнир Израел 2013
- Европско Првенство за мали земји - Струга 2012

Досегашни учества А-тим Жени


Историја на настапи




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder