Младиот репрезентативец убедливо најдобар во финалната плеј-оф серија
Дамјан Стојановски бр. 1 во финалето
Сосема заслужено и според игрите и според статистиката, кошаркарот на Вардар Осигурување дојде до МВП признанието
Дамјан Стојановски е убедливо најдобар во МВП индексот, поени и украдени топки, а меѓу првите пет е и во асистенции, скокови, дури и во блокади. И додека неговиот постар брат Огнен со Фени Индустри се радува на шампионската титула, не мала утеха за 22 годишниот репрезентативец Дамјан е трофејот за најдобар играч во финалната серија. За заслужената награда најдобро зборува големиот аплауз што на отворена сцена, во салата Јасмин во Кавадарци, го доби Стојановски кога го доби признанието од рацете на Врбица Стефанов. Стојановски и повеќе од бројките, со својата напорна работа и професионалност, но и со спортски и фер-плеј однос на вистински репрезентативец на теренот, што не беше случај со многу негови колеги од обете екипи, заслужи да го памети ова финале по освоениот МВП трофеј.
 Дамјан Стојановски и Врбица Стефанов
Далеку зад Дамјан Стојановски остана Душан Кнежевиќ, кој сепак беше најстандардниот играч на новиот шампион во ова финале. Блажевски исто така ја потврди својата висока класа, а во петорката на финалето свое место имаат и Самарџиев и Симиќ. Што се однесува до останатите статистички категории, речиси незначителни промени се случија пред се кај загубените топки и блокадите, каде Симиќ го зазема своето место на најдобар блокер.
|
ТОП 5 МВП индекс |
|
Дамјан Стојановски (ВОС) |
27,8 |
|
Душан Кнежевиќ (ФЕН) |
19,5 |
|
Перо Блажевски (ВОС) |
14,8 |
|
Горан Самарџиев (ФЕН) |
12,3 |
|
Тони Симиќ (ВОС) |
11,3 |
|
ТОП 5 поени |
|
Дамјан Стојановски (ВОС) |
19,3 |
|
Перо Блажевски (ВОС) |
15 |
|
Душан Кнежевиќ (ФЕН) |
14,5 |
|
Џејмс Лајф (ФЕН) |
12,2 |
|
Тони Симиќ (ВОС) |
10,8 |
|
ТОП 5 скокови |
|
Душан Кнежевиќ (ФЕН) |
7,1 |
|
Тони Симиќ (ВОС) |
6,8 |
|
Дамјан Стојановски (ВОС) |
6,1 |
|
Александар Угриноски (ВОС) |
5 |
|
Перо Блажевски (ВОС) |
5 |
|
ТОП 5 асистенции |
|
Горан Самарџиев (ФЕН) |
5,3 |
|
Александар Угриноски (ВОС) |
2,5 |
|
Тони Грнчаров (ВОС) |
2,3 |
|
Перо Блажевски (ВОС) |
2 |
|
Дамјан Стојановски (ВОС) |
2 |
|
ТОП 5 освоени топки |
|
Дамјан Стојановски (ВОС) |
2,1 |
|
Горан Самарџиев (ФЕН) |
1,8 |
|
Душан Кнежевиќ (ФЕН) |
1,5 |
|
Александар Угриноски (ВОС) |
1,1 |
|
Ефтим Богојев (ФЕН) |
1,1 |
|
ТОП 5 загубени топки |
|
Перо Блажевски (ВОС) |
4 |
|
Александ. Угриноски (ВОС) |
3,8 |
|
Тони Симиќ (ВОС) |
2,1 |
|
Душан Кнежевиќ (ФЕН) |
1,8 |
|
Владимир Поповиќ (ФЕН) |
1,7 |
|
ТОП 5 блокади |
|
Тони Симиќ (ВОС) |
1,2 |
|
Бојан Траковски (ФЕН) |
1 |
|
Душан Кнежевиќ (ФЕН) |
1 |
|
Дамјан Стојановски (ВОС) |
0,2 |
|
Тони Грнчаров (ВОС) |
0,2 |
|
Ефтим Богојев (ФЕН) |
0,2 | |