|  Соопштенија

Наддавање за организатор на Финалниот турнир на Купот на Македонија

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Македонија, што ќе се одржи на 18.01.2017 година во 12 часот во просториите на МКФ.

-Почетната сума за организација на Купот изнесува 500 000 денари.
-Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на жиро сметката на Македонската кошаркарска федерација.

На Купот ќе настапат осум екипи  во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела на првенството во Првата женска лига, по следниов распоред:

 Четвртфинални натпревари:

20:00 4-5 Д
18:00 3-6 Ц
15:30 2-7 Б
13:00 1-8 А

 Полуфинални натпревари:

13:00 1-4 А Женски куп
15:30 2-3 Б Женски куп
18:00 А-Д ф
20:30 Б-Ц Г

 Финални натпревари

А-Б Финале на Купот (Жени)
Ф-Г Финале на Купот (Мажи)

Организаторот на Финалниот турнир за Купот на Македонија кој ќе се одржи од 17 до 19 февруари 2017 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и Прирачникот за организација на Финалниот турнир.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder