Ефес го повлекува дресот со број 7 на Петар Наумоски 

Турскиот кошаркарски великан Ефес Анадолу ги почитува своите легенди и легендите на европската кошарка. Раководството на повеќекратниот турски шампион одлучи да го повлече дресот со број 7 во кој настапуваше легендарниот македонски репрезентативец, актуелниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Петер Наумоски. Дресот со број 7 кој го носеше Пеце за време на својот скоро седум годишен претстој во Ефес ќе биде повлечен в четврток на свечена церемонија на полувремето од дуелот од Евролигата меѓу Ефес Анадолу и Армани Милано.

Секако тимот од Милано не е случајно избран за оваа свеченост бидејќи Наумоски две години настапуваше и за тимот од Милано.

На овој начин европскиот гигант сака да му додели посебно признанија на својот некогашен лидер. Наумоски во два наврати го носеше дресот на Ефес. Во Истанбул пристигна во 1992 година и одигра две одлични сезони по што следуваше една сезона во италијанскиот Бенетон. Наумоски по само една година во Италија се враќа во редовите на својот омилен клуб каде останува се до 1999 година.

Во дресот на Ефес , актуелниот претседател на МКФ освои по четири трофеи во првенството и купот на Турција, освои и четири пехари во Претседателскиот куп на Турција. Наумоски го водеше Ефес и до единствената европска титула, го освои трофејот во Купот на Радивој Корач.

Ефес уште еднаш покажа дека не ги заборава своите легенди, претседателот на МКФ Петар Наумоски во следите неколку дена ќе биде специјален гостин на својот некогаше клуб, кој в четврток на свечена церемонија на полувремето од  дуелот пеотив Армани од Милано  ќе го повлече неговиот дрес со бројот седум.
На официјалниот сајт на Ефес Анадолу е поставено видео со неколку маестрални потези на Петар Наумоски во дресот со број 7 на Ефес




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder