|  Куп натпреварувања 2015/16

Работнички прв финалист на „Хуавеј Супер купот“



Актуелниот победник на националниот Куп, Работнички се пласира во финалето на кошаркарскиот „Хуавеј Супер куп“ што се одржува во Охрид како увертира за новото издание од македонскиот шампионат.



Работнички вечерва во првото полуфинале со убедливи 79:56 го совлада Кожув и покажа дека иако со подмладен состав може да биде сериозен противник за останатите македонски екипи.




Најефикасни во победничкиот состав беа Стојан Ѓуровски со 17 и Димитар Мираковски со 14 поени. Кај Кожув најдобар беше Брендон Пен со 11 поени.
Во полуфиналето на клупата на Работнички дебитираше, легендата на македонската кошарка Перо Блажевски, кој секако за време на мечот добиваше вредни совети од искусниот Марин Докузовски.



Вториот финалист во Суперкупот ќе биде познат по мечот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово, кој ќе почне во 20:15 часот.

Финале е закажано за утре од 19:30 часот.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder