|  А-Тим Мажи

Прв триумф на комбинираниот тим на турниот во Жушоу, колеџ тимот на САД победен со 85-79



Премиерна победа на нашиот комбиниран тим на турнирот во Жошоу Кина. Во 2 коло нашата селекција го победи колеџ тимот на САД со 85-79(24-21,18-10,20-23,23-25), што за црвено жолтите е трет успех во дуелите против истиот ривал на турнејата во Кина.
Одличната игра на избраниците на Раца во втората четвртина била клучна за конечниот епилог на мечот против САД.

Во редовите на нашиот комбиниран тим најефикасни се Тимс со 25 и Ратко Варда со 21 постигнат поен и 6 скока.

Солиден натпревар одиграл и нашиот највисок кошаркар, 226 сантиметри високиот Марко Дујковиќ дуелот со САД во кои одиграл 30 минути го завршил со дабл дабл ефект од 11 поени и 10 скока.

Во листата на стрелци се запишале и Мекиќ 9 п. (26мин), Њубери 11п. (30м), Вудс 8п. (38м).

Без минутажа на денешниот натпревар беа младите Паиќ, Стајиќ и Сапунџиев, а поради повреда на клупата останаа Младеновски и Хауард, кои имаат проблеми со тетивата односно коленото.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder