|  3Х3
 Квалификациски турнири за учество на завршницата од јуниорското првенство во 3x3



Велес, Охрид и Скопје во мај ќе бидат домаќини на најдобрите млади баскетџии од Македонија учесници на квалификациските турнири за пласман на завршницата од Јуниорското првенство(за играчи до 18 години) на Македонија во 3x3.

Велес на 8 мај годинава ќе биде домаќин на првиот квалификациски турнир. Најдобрите две екипи од турнирот во Велес обезбедуваат пласман на завршниот турнир на осумте најдобри екипи во јуниорска конкуренција во 3x3.

Организатор на вториот квалификациски турнир на 14 мај ќе биде Охрид. И од овој турнир најдобрите две екипи обезбедуваат виза за популарниот „Фајнл Ејт“.

Последниот квалификациски турнир ќе се игра во Скопје на 21 мај . Четирите најдобри екипи од квалификацискиот турнир од Скопје  ќе го комплетираат елитното друштво на осум тима учесници на завршницата која ќе го даде новиот шампион на Македонија во јуниорска конкуренција во 3 ќе го комплетираат елитното друштво на осум тима учесници на завршницата која ќе го даде новиот шампион на Македонија во јуниорска конкуренција во 3x3.

По крајот на завршниот Фајнл Ејт ќе биде селектиран и тимот кој ќе ја преставува Македонија на Квалификациите за ЕП во Рига Латвија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder