|  Соопштенија
Заедничко соопштение на Кошаркарските федерации на Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија и црна Гора
 


На состанокот на претседателите на кошаркарските федерации на Македонија, Србија, БиХ,Хрватска,Словенија и Црна Гора, одржан во Белград потврдена е заедничката поддршка на ФИБА Европа во борбата за зачувување на интересите на европската кошарка и постоењето на натпреварувањето врз основа на спортски критериуми.
Сите шест федерации се согласни дека го подржуваат постоењето на Регионална лига која би била организирана со почитување на националните првенства  и календарот на натпреварување. Сопственичката структура на лигата би требала да биде направена според моделот кој е применет при организацијата на Лигата на шампионите на ФИБА Европа.

На состанокот на шесте претседатели на федерациите одржан во Белград  исто така е договорено  во понатамошните преговори со ФИБА да се обезбеди проодност на клубовите директно од националните првенства  и Регионалната лига кон клупските натпреварувања на ФИБА.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder