Семинар за медицински лица вклучени во кошаркарските клубови
Македонската кошаркарска федерација со Здравствената комисија, организира семинар за медицинските лица (доктори и физиотерепевти) вклучени во кошаркарските клубови во република Македонија.Семинарот ќе се одржи на ден 24 Септември(сабота) 2016 година во Спортски центар Јане Сандански, Скопје (Прес сала) со почеток во 11,00 часот.
Семинарот е задолжителен и е услов за добивање лиценца за медицински стручни лица ангажирани во кошаркарските клубови за сезона 2016/17.
Котизација за учество на семинарот 2.000 денари, Уплата на сметка на МКФ
300000003207438
Комерцијална банка
Со назнака: за семинар за медицински стручни лица
Забелешка:
Лицата кои присуствуваа на првиот семинар од 2016 година (Јануари 2016) се ослободени од присуство на семинарот закажан за 24 Септември 2016.