|  Куп на Македонија 2017

Фени Индустри втор учесник во полуфиналето на Лимак Купот на Македонија 
 

Лесна и убедлива победа на Фени Индустри над АВ Охрид од 112 - 69 во вториот четвртфинален натпревар од Лимак Купот на Македонија. Кошаркарите на Малинков од почетокот до крајот на мечот го диктираа темпото на играта и на крајот заслужено и очекувано стигнаа до убедлив триумф остварен со огромна предност од 43 коша.

 Со добра одбрана и брза трансформација домаќините од минута во минута го зголемуваа водството за на крајот да стигнат до предност од огромни 112-69.

Чешковиќ, Николовски, Шарабидзе, Пајиќ, Стајиќ и Џекиќ  лесно го полнеа кошот на противникот.

 Убедливиот пораз не можеше да го спречи ниту маестралниот бек на АВ Охрид, Брукс кој со 37  постигнати поени беше прво име на мечот .

Фени Индустри во полуфиналето ќе го очекува победникот од мечот МЗТ Скопје Аеродром - Кожув.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder