|  Соопштенија
Соопштение-10


Македонската кошаркарска федарација ги информира сите клубови свои членки дека во интерес на застапеноста и развојот на кошарката во Македонија, делумно ја сторнира одлуката донесена на Управаниот одбор на МКФ од 07.10.2016 година, која се однесува на висината на таксите за регистрација на кошаркари и кошаркарки во сите рангови на натпреварување, вклучувајќи ги и младите кошаркари.


    Одлуката гласи, таксата за регистрација на домашните кошаркари и кошаркарки не се менува, останува иста како во сезоната 2015/2016, а останува на сила одлуката за висината на таксите за регистрација на странските кошаркари и кошаркарки.

Со оваа одлука сакаме да дадеме до знаење дека развојот на македонските кошаркари и кошаркарки, останува наш приоритет и за во иднина, а покажуваме и дека не сакаме да создаваме  никакви проблеми во нормалното функционирање на клубовите.

Со ова сметаме дека целосно  се надминати сите пречки за почетокот на домашните првенства во предвидените рокови, а стартот  на Првата лига  останува да зависи исклучително од прволигашите. И за што не гледаме наша вина за евентуалното не играње на Првата лига.

Оној што размислува и работи за развојот на кошарката во Македонија и ги почитува одлуките на Федерацијата оставаме сам да донесе одлука какви чекори ќе  превземе понатаму со клубот кој го претставува.

Одлуката на Управниот одбор на МКФ  донесена на последната седница 07.10.2016, која се однесува на таксите за регистрација на кошаркари и кошаркари ќе се применува од натпреварувачката сезона 2017/2018.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder