Нови маркирања
на кошаркарски
терен
ФИБА 2010

Специјализирано студио за обележување на линии и димензии според новите правила на ФИБА - Октомври 2010. Препорачано од МКФ.


djordano_priem@t-home.mk
тел: 02/3238238, 075249490, 076435435

Појаснување за новите димензии на кошаркарскиот терен








 

Шампионскиот пехар обоен во портокалово

Фени Индустри нов првак на Македонија

До двојната круна, екипата од Кавадарци стигна по убедливата победа над Вардар Осигурување во мајсторката од финалето на првенството. Дамјан Стојановски МВП на финалната плеј-оф серија.

Фени Индустри ја повтори сезоната 2007/2008, кога по победата во Националниот Куп, успеа да ја освои и шампионската титула. Дури 6 натпревари во финалето беа потребни Македонија да го добие својот нов кошаркарски владетел. Според резултатот од финалната серија и развојот на настаните во неа, се чини дека клучната победа Фени Индустри не ја оствари во плејофот, туку на крајот од Суперлигата, кога го совлада В. Осигурување во Скопје и се стекна со предност од 1-0 и предност на домашен терен во евентуалната мајсторка - што на крајот и се случи. Вардар Осигурување беше апсолутно рамноправен партнер во финалето и немаше да биде воопшто незаслужено ако момците на Слободан Петровски на крајот се радуваа. Но, Фени Индустри беше најдобар кога најмногу требаше, особено тоа важи за капитенот Горан Самарџиев и репрезентативецот Дарко Соколов. Овие двајца беа најзаслужни за почетното преземање на иницијативата и водството, кое до крајот само беше зголемувано. Самарџиев (19 п)погодуваше токму кога Вардар О. се закануваше да фати приклучок, асистираше на своите соиграчи (10 а) и мирно ја диригираше играта на својот тим. Погодуваше и Соколов (18 п), а репрезентативецот одигра и одлична одбрана и освои неколку битни топки во полето на противникот. На овие двајца им се приклучи и Слободан Михајловски кој комплетно го надомести недостатокот на учинок на неговите колеги од центарската линија Кнежевиќ и Трајковски.

Фени Индустри играше исклучително агресивно, свесно жртвувајќи играчи со многу лични грешки, Емил Рајковиќ ја искористи “подолгата“ клупа, но што е многу поважно, не им дозволи на најдобрите противнички поентери да се разиграат. Погодуваа Дамјан Стојановски и Перо Блажевски, но најголемиот дел од поените ги постигнаа од слободни фрлања. Силното оружје на скопската екипа, шутот за три поени, овој пат не функционираше (25%), а речиси безопасни по противничкиот кош беа Симиќ, Угриновски и Радуловиќ. Грнчаров (11 п) беше единствениот покрај Стојановски и Блажевски со двоцифрен учинок, но најголемиот дел од своите поени искусниот бек на В. Осигурување ги постигна кога веќе натпреварот беше решен. Само со Блажевски и Стојановски, гостинскиот тим немаше многу опции ниту шанси за позитивен резултат. Не помогна ни уште една извонредна статистичка вечер на Дамјан Стојановски кој забележа 37 МВП поени и сосема заслужено, поздравен со аплаузи и од публиката во Јасмин, беше избран за МВП на финалната серија.

 












СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ГРАД СКОПЈЕ

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder