|  3Х3

два порази и победа за македонските баскетџии на  ЕП во Минск



Македонската селекција во баскет за кошаркари до 18 години забележа пораз и победа на отварањето  на Европскиот шампионат во Минск, Белорусија.Нашите млади баскетџии во 1 коло од групата Ц се поразени од фаворитот за висок пласман Шпанија со 19-13. 

Имресионирани  од самиот настап на Првенството македонските кошаркари слабо го започнаа дуелот против Шпанија и во првите 5 минути не успеаја да постигнат ниту кош. Во продолжението од мечот црвено жолтите ги консолидираа редовите и на крајот стигнаа до достоен пораз.
Во вториот дуел во Минск, нашите млади кошаркари покажаа и докажаа дека настапот на квалификациите во Холандија не бил моментален блесок туку дека имаат квалитет за ново изненадување.
И со одлична игра славеа победа над Германија со 18-13.
Денес во последиот мечво групата Ц , нашиот тим е убедливо поразен од Русија со 12-4, со што се загубени сите шанси за пласман во четврфиналето.
На ЕП во Минск,Македонија настапи во состав Блажо Митков, Драган Узиновски, Борис Вчков и Елвис Хот, предводени од Абдураим Бајрактар.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder