|  Соопштенија
У14: Машката селекција подобра од Унгарија, кошаркарките поразени од Словенија 

Половичен успех на македонските селекции во машка и женска конкуренција до 14 години во 2 коло на турнирот „Словенија Бол “ во Словен Градец ,кој се игра под покровителство на ФИБА. Нашите кошаркари до 14 години во 2 коло  извојуваа победа над врсниците од Унгарија со 83-66 (22-24,19-18,15-10,27-14). Триото Милованови, Савичевиќ, Стефановски со заедничка реализација од 48 кошеви го водеше нашиот тим до премиерниот успех на силниот меѓународен турнир.

Одличната игра во четвртата делница која ја добивме со убедливи 27-14, беше клучна за убедливиот триумф над Унгарија.

На женскиот дел од турнирот нашите млади кошаркарки го загубија и вториот натпревар, домашната селекција на Словенија   славеше убедливо со 77-40.

Избраничките на Стојановска многу лошо го започнаа мечот и првиот кош го постигнаа дури во втората четвртина.

Во редовите на македонската селекција најефикасна е Селцова со 13 поени, младата Николиќ мечот го заврши со 9 коша и 8 скока.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder