|  А-Тим Мажи
Црвено жолтите минимално поразени од Црна Гора 

 Македонската машка сениорска репрезентација со минимален пораз од фаворитот Црна Гора од 77-73, (12-27, 14-13, 14-23, 13-14) ги започна натпреварите на „Трофејот Македонија“ во СЦ Јане Сандански во Скопје.
Лошиот старт на избраниците на селекторот Драган Раца и одличната игра во рекетот на НБА центарот на Црногорците,  Вучевиќ  беше пресуден за конечниот исход на средбата и нашиот поразот од фаворизираниот тим на Црна Гора во 1 коло од Трофејот Македонија.

Нашата подмладена селекција во воведните минути од мечот немаша  одговор за агресивната одбрана на противникот.

Но, во продолжението  селекторот Раца со честите измени успеа да ја анулира предноста на Црна Гора, започна да фукционира и нашето најсилно оружје шутот од далечина па во финишот на средбата македонските кошаркари успеаја да стигнат и до минимално водство од 69-68, кое сепак не успеавме да го зачуваме во последните минути од средбата.

Кога беше најпотребно предводникот на Црна Гора Вучевиќ постигна кош за недостижно водство од 77-73, и за конечен триумф.

Центарот на  Црногорците Вучевиќ со 19 поени и 10 скока беше и најефикасниот поединец на дуелот во Јане Сандански, во редовите на Македонија идентичен број на кошеви постигна капитенот Војдан Стојановски, неговиот брат Дамјан постигна 15 а двоцифрен број на кошеви уфрлија и Јаневски 12 и Костовски и Тревис по 10.

Уште македонскиот национален тим шансата за прва победа на Трофејот Македонија ќе ја бара во дуелот од 2 коло од 20 часот и 30 минути против Белгија, која попладнево во стартниот меч го победи фаворизираниот состав на Босна и Херцеговина.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder