|  А-Тим Мажи
Македонија поразена од Грција на стартот на Евробаскетот 2015


 Македонската кошаркарска репрезентација во премиерниот натпревар на Евробаскетот во Загреб доживеа убедлив пораз од фаворито Грцја од 85-65, во првото коло од групата Ц .

Црвено жолтите скоро три четвртини иако во негатива имаа активен резулат и беа рамноправен ривал на силниот тим на Грција.Разликата во квалитет сепак дојде до израз поебно во поеследната делница, по што на крајот заслужено Грците стигнаа до убедлив триумф.



Првата четвртина по одличниот старт и водството од 7-1 ја загубивме  со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра целосно се распадна во последната четвртина којашто ја загубивме со15:26.


Македонија играше храбро и конечниот резултат не реална слика на силите на теренот, неколку пати во текот на мечот нашите опасно им се приближуваа на грците на само 3-4 поени разлика.

Наш најефикасен кошаркар во денешниот натпревар беше бекот Александар Костовски со 20 поени,солидно одигра и Војдн Стојановски кој во кошот на Грција испорача 13 поени.
Во победничкиот тим на Грција , најдобар впечаток остави Принтезис со 18 поестигнати кошеви.

Нашиот национален тим веќе утре од 15 часот со дуелот против директниот конкурет за пласман во втората рунда Холандија ги продолжува натпреварите на Евробаскетот.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder