Семинар за статистика и помошни судии за записничка маса (НОВО - ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ)
Стартува новата официјална програма за статистика – ФИБА Дигитал
Во среда, на 7 Октомври, со почеток во 18.00 часот, во просториите на МКФ во Скопје ќе се одржи семинар за официјални лица – статистичари. Во склоп на семинарот ќе се одржи и предавање за помошните судии за работа на записничка маса за време на кошаркарските натпревари.

Воведувањето на новата програма за статистика и новиот лиценцен систем за официјални лица – статистичари, како и за помошните судии на записничка маса ќе биде промовирано на семинарот кој ќе се одржи во Скопје.
На семинарот ќе биде задолжително присуството на лицата кои ќе водат статистика на натпреварите од првата кошаркарска лига, заради здобивање со лиценца и обука за работа со програмата.
Семинарот за статистика е од отворен карактер, може да се пријави било кој граѓанин на Р. Македонија, а со исполнувањето на потребните услови, лицето се стекнува со право – лиценца: Официјално Лице – статистичар за кошаркарски натпревари.
Воведувањето во новата програма, обука, материјали и прирачници, како и соодветен софтвер, ќе бидат доделени на сите учесници на семинарот. Обуката ќе трае и во текот на сезоната, а перманентна поддршка за статистичарите, особено за време на натпреварите ќе им биде овозможена на сите корисници. На семинарот предавање за статистичките елементи ќе одржи претседателот на Тренерска Комисија на МКФ, Драган Василов.
Пријавата за учество на семинарот треба да се испрати на contact@basketball.org.mk, најдоцна до 16.00 часот во вторник, 06 Октомври 2009, а учесниците на семинарот за статистика со себе треба да донесат лап-топ компјутер заради практична показна работа. Исто така, учесниците на семинарот треба да донесат и фотографија (големина пасош), како и основни лични податоци заради издавање на лиценцата. Околу останатите услови за издавање на лиценца, учесниците на семинарот ќе добијат информации на самиот семинар.
Распоред на семинарот
07.10.2009
18:00 Предавање за должности и обврски на помошни судии на записничка маса - Ѓорѓи Пиперков, Национален ФИБА инструктор
18:45 Предавање за статистички елементи во кошарката - Драган Василов, Претседател на Тренерска Комисија на МКФ 19:15 Запознавање со ФИБА ДИГИТАЛ софтвер програмата нив видео презентација и примери 19:45 Практична примена на ФИБА ДИГИТАЛ, со работа на компјутер/лап топ.
Семинарот ќе се одржи во просториите на МКФ во Скопје.
Сите учесници на семинарот за статистика треба да донесат фотографија (големина пасош) и лап-топ/компјутер со пристап за безжичен интернет. |